Страна1 / 3
← Сите сури

Себе'

سبإ

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Благодарение на Аллах! Се што е на небесата и на Земјата е - Негово! Благодарноста му припаѓа и на Ахирет. Он е Мудар и Известен!

2

Он го знае и она што влегува во земјата и она што излегува од земјата, и она што се спушта од небо и она што се извишува кон небо. Он е Сомилосен и Простувач!

3

Неверниците зборуваат: „Нема да ни дојде Часот!“ Кажи: „Да, се колнам во Господарот мој, дека ќе ви дојде, сигурно!“ Он е Зналец на тајната. Ни на небесата ни на Земјата ништо, ни колку голушка, не може да Му се скрие; ни помало од тоа ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна.

4

За Он да ги награди оние кои веруваат и кои добри дела работат... на овие ќе им биде простено и ќе имаат 'рск благороден,

5

а на оние кои се трудеа против ајетите Наши, сакајќи да ги оневозможат... ќе им припадне казна од казната болна.

6

Оние со даденото им знаење гледаат дека она што ти се објавува од Господарот твој е вистина и дека упатува кон патот на Силниот и за благодарност Достојниот!

7

Неверниците зборуваат: „Да ве упатиме ли кон еден човек кој ќе ве извести дека кога ќе се распарчете целосно, ќе се возобновете, навистина!

8

Фрла ли тој лага врз Аллах? Или, пак, тоа го прават џиновите во него? Да, оние кои не веруваат во Ахирет се во мака и низ скршнување во заблуда далечна!

9

Не го гледаат ли она што е над нив и она што е зад нив, од небо и од земја? Кога би посакале би ги закопале во земја или би спуштиле врз нив парчиња од небо. Ете, во тоа, навистина, има знамение за секој роб послушен!

10

И на Давуд, секако, Ние му дадовме од добрината Наша -: „О брда, славете Ме со него, а и вие птици!“ И за него Ние железото го смекнавме.

11

„Прави панцири целосни и плети ги добро жиците!“ И работи добро дело! Јас, навистина, го гледам она што го работите.

12

И на Сулејман Ние ветрот му го потчинивме: само за едно утро дуваше колку за еден месец, и само за една вечер дуваше колку за еден месец. И за него Ние одредивме од изворот бакар да тече, и со одобрението на Господарот Негов, од џиновите да работаат за него. А оној од нив кој скршнуваше од наредбата Наша Ние ќе одредиме да ја вкуси казната огнена.

13

Оние за него го работеа она што тој го посакуваше: и храмови, и споменици, и садови како чамци и котли неподвижни. - „Работете, о семејство Давудово, за да бидете благодарни.“ Малкумина од робовите Мои се благодарни!

14

И бидејќи решивме да умре, никој немаше кој да ги извести за смртта негова, освен едно животинче кое лази по земјата и кое го стопи стапот негов. И бидејќи тој падна, на џиновите им стана јасно дека, доколку би ја знаеле тајната, не би ја вкусиле казната срамна.

15

Имаше доказ, секако, во Себе, во живеалиштата нивни: бавчи и од левата и од десната страна. - „Јадете од 'рскот на Господарот ваш и бидете Му благодарни. Е, колку добар предел и Господар Простувач!“

16

Па, се спротиставија. И Ние им испративме поплава од преградата која попушти, и бавчите нивни ги заменивме со две други бавчи, со плодови горчливи, со грмушки и со неколку срдовици.

17

Ете, така Ние ги казнивме затоа што не веруваа. Кого, тогаш, освен неверниците казнивме?

18

Меѓу нив и градовите кои Ние ги благословивме одредивме градови приметливи, а меѓу нив одредивме, исто така, растојание. И патувајте низ нив и ноќе и дење, безбедни!

19

Па, рекоа: „Господаре наш, повлечи растојание меѓу патувањата наши!“ Самите себеси зулум си направија: ги оставивме само во кажувањата и во целост ги расцепивме. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за секој кој е трпелив и благодарен!

20

И го потврди Иблис, секако, мислењето негово за нив: па, ете, го следеа, но не и една дружина на верници: