Страна1 / 5
← Сите сури

Ја-Син

يس

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Ја, син!

2

Се колнам во Кур'анот мудар:

3

ти си, навистина, еден од пејгамберите,

4

по патот вистински,

5

по објавата на Силниот и Сомилосниот,

6

за да го опоменеш народот за она за што не беа опоменати предците нивни, рамнодушните!

7

И кон мнозинството меѓу нив, секако, се оствари Зборот; но не веруваат.

8

Врз вратовите нивни Ние ќе закачиме синџири: ќе бидат до брадите нивни, а главите ќе им бидат подигнати.

9

И пред нив и зад нив Ние ќе поставиме завеса... та, ќе ги покриеме и нема да гледаат.

10

Ќе ги опоменуваш ли или нема да ги опоменуваш тие, сепак, нема да верувааат.

11

Опомената вреди, секако, за оној кој ја следи Опомената и кој се плаши од Милостивиот во тајност. Па, зарадувај го со прошка и награда благородна!

12

Ние, секако, ќе ги оживиме мртвите и ќе го забележиме она што го направија, а и трагите нивни. И секоја работа ќе ја вброиме во насоката јасна.

13

И изнеси им го примерот на жителите на градот кога им дојдоа пејгамбери,

14

кога Ние им испративме двајца, па ги сметаа за лажни и ги потсиливме со трет, па рекоа: „Ние, навистина сме пејгамбери испратени до вас!“

15

Рекоа: „Вие сте само нам слични луѓе.“ И ништо Милостивиот не испрати а вие да не го сметавте за лажно.

16

Рекоа: „Господарот наш знае. Да, ние сме до вас испратени,

17

и само имаме обврска да известиме јасно.“

18

Рекоа: „Во вас гледаме птица на злото. Ако не престанете ќе ве каменуваме и ќе ве погоди од нас казна болна.“

19

Рекоа: „Птицата на злото е со вас. Уф, зарем и кога сте опоменати? Вие сте народ расипнички.“

20

И од преградието дојде еден човек, брзајќи, и рече: „О народе мој, следете ги пејгамберите!