Ес-Сафат
الصافات
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Се колнам во редиците на поредените,
кои го пренесуваат она што се пренесува,
и кои, тогаш, кажуваат Опомена:
дека богот ваш, навистина, е Еден,
Господар на небесата и на Земјата и на она што е меѓу нив, и Господар на истоци.
Ние, навистина, го разубавуваме до вас најблиското небо со ѕвезден накит,
и го штитиме од секој шејтан пакосен,
за да не го слушнат гласот на возвишените чети кои ги гаѓаат, од сите страни,
и да ги истераат; нив ги чека казна што не престанува,
освен оној кој, при летот свој, нешто ќе грабне: него, ете, го следи светилка што свети.
Па, прашај ги: Потешко ли е оние да се создадат или оној што го создадовме? Па ги создадовме, навистина, од глина леплива.
Но, ти се чудиш а оние се исмеваат,
и кога ќе се советуваат, советите не ги прифаќаат,
а кога, пак, ќе видат знамение некакво, бараат да се потсмеваат,
и зборуваат: „Ова е само волшебништво јасно.
Кога ќе изумреме и кога земја и коски ќе станеме - тогаш ли да бидеме, навистина, оживеани?“
Или: „Нашите предци одамнешни?“
Кажи: „Да, и вие ќе бидете понижени!“
Само ќе биде, навистина, еден глас повик и, ете, ќе здогледаат,
и ќе речат: „Тешко нам! Па, ова е Денот суден!“ -