Страна1 / 5
← Сите сури

Сад

ص

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Сад! Се колнам во Кур'анот, со Опомена преполн!

2

Но, оние кои не веруваат се горделиви и прават раздор.

3

Колку поколенија Ние уништивме пред нив, кои повикуваа за помош кога немаше веќе време да се спасат?

4

Оние се чудат што ли им дојде еден опоменувач меѓу нив. Неверниците зборуваат: „Овој е волшебник и лашко голем.“

5

Ги сведува ли боговите на еден Бог? Ова, навистина, е нешто многу чудно!

6

И заминаа големците нивни: „Одете и бидете постојани покрај боговите ваши! Ова, навистина, е нешто што се посакува!

7

Ова не го слушнавме во последните вери. Ова, навистина, е нешто различно.

8

Нему ли меѓу нас ќе му се објави Опомена?“ - Но, не! Оние се сомневаат во опомената Моја затоа што уште не ја имаат вкусено казната Моја.

9

Или: Кај нив ли се ризниците на милоста од Господарот твој - Силниот и Дарежливиот!

10

Или: Имаат ли власт на небесата и на Земјата и на она што е меѓу нив? Па, нека се искачат, тогаш, по скалилата!

11

Војската здружена што е таму ќе биде поразена.

12

И пред нив ги сметаа за лажни пејгамберите: и народот на Нух, и Ад и фараонот, сопственикот на столбови!

13

И Семуд и народот на Лут и жителите на Ејка. Ете, оние беа странки здружени.

14

Сите оние ги беа сметале лажни пејгамберите... па, така, се оствари казната.

15

Оние чекаат само страшен глас, единствен, што не се повторува!

16

И зборуваат: „Господаре наш, побрзај со нас, со делот наш од казната пред да настапи Денот на пресметката!“

17

И стрпи се за она што го зборуваат. И сети се на робот Наш, Давуд, силниот, кој, навистина, Му се обраќаше на Аллах.

18

Ние, секако, ги потчинивме брдата заедно со него... кои Го славеа и при зајдисонце и при изгрејсонце!

19

Се, како и птиците собрани, Нему му се обраќа.

20

И Ние го зацврстивме кралството негово, му дадовме мудрост и вештина на говорништво.