Страна1 / 4
← Сите сури

Ез-Зумер

الزمر

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Се објавува Книга од Аллах, Силен и Мудар!

2

Ние Книгата ти ја објавивме со вистина. Па, обожавај Го Аллаха, исповедувајќи ја чисто верата кон Него.

3

Внимавај, чистата вера е - Аллахова! Оние кои земаат други заштитници освен Него: „Ги обожаваме само да не приближат до Аллах, поблиску! Аллах, навистина, ќе им пресуди за она за што, токму, станаа деленици. Аллах, секако, не ги упатува лашковците и неверниците!

4

Да посакаше Аллах да присвои дете, ќе го избереше од она што го создаде со посак Свој. Славен нека биде Он. Он е Аллах, Еден и Силен!

5

Ги создаде небесата и Земјата со вистина. Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта. Он ги потчини и Сонцето и Месечината. Сето тоа се движи до рокот определен. Он, навистина, е Силен и Простувач!

6

Он ве создаде од еден човек. Потоа од него создаде другар. И Он ви даде осум парови на добиток. Ве создаде во утробите на мајките ваши, суштество по суштество, низ три темнини. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш; власта е - Негова! Нема друг бог освен Него! Па, каде, тогаш, сте кинисале!

7

Па ако не верувате... та, Аллах, навистина, е независен од вас, и не е задоволен со неверувањето на робовите Свои, а ако, пак, Му се заблагодарувате, е задоволен со вас. И не ќе ја понесе никој тежината на бремето од друг, а потоа враќањето ваше води кон Господарот ваш... па, Он ќе ве извести за она што го работевте. Он, навистина, го знае она што е во градите ваши!

8

А кога човекот ќе го снајде неволја некаква, го повикува Господарот свој; Нему му се обраќа. И штом ќе му додели благодат од Него, го заборава она за што го молеше порано, и Му припишува на Аллах еднакви за да скршне од патот Негов. Кажи: „Уживај малку во неверството твое. Ти си, навистина, меѓу жителите на огнот!“

9

Оној ли е кој, во вечерите негови останува во побожност, паѓајќи на сеџде и стоејќи, кој се сеќава на Ахирет, кој се надева на милоста од Господарот свој... Кажи: „Еднакви ли се оние кои знаат и оние кои не знаат? На Аллах се сеќаваат, навистина, даруваните со разбир!“

10

Кажи: „О робови мои, кои верувате! Плашете се од Господарот ваш! За оние кои прават убави дела на овој свет има добро. Земјата Аллахова е широка. Наградата за трпеливите ќе биде безмерна, навистина!“

11

Кажи: „Наредено ми е, навистина, да Го обожавам Аллаха чисто, исповедувајќи ја верата кон Него,

12

и наредено ми е да бидам прв меѓу Послушните.“

13

Кажи: „Јас, навистина, се плашам, доколку сум непослушен на Господарот мој, од казната на Денот голем.“

14

Кажи: „Аллаха Го обожавам чисто, исповедувајќи Му ја верата моја.

15

Па, обожавајте, освен Него, кого сакате!“ Кажи: „ Поразените се, навистина, оние кои се поразија самите себеси, и семејствата свои на Денот суден. Ете, тоа е пораз јасен!“

16

Над нив ќе има слоеви на оган, и под нив ќе има слоеви на оган. Ете, така Аллах ги заплашува робовите Свои: „О робови Мои, плашете се од Мене!“

17

А оние кои го избегнуваат обожавањето на киповите и кои на Аллах Му се обраќаат... за нив има радосница. Па, зарадувај ги робовите Мои,

18

кои го слушаат Говорот, па го следат убавото од него... тоа се оние кои ги упати Аллах. Тоа се даруваните со разбир.

19

За оној за кој се оствари зборот за казната... него ли да го избавиш од огнот?

20

Но, за оние кои се плашат од Господарот свој има соби: изградени еднинадруги испод кои реки течат. Ете, тоа е ветувањето Аллахово. А Аллах не го изневерува ветеното место!