Страна1 / 9
← Сите сури

Ен-Ниса

النساء

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

О луѓе, плашете се од Господарот ваш кој ве создаде од еден човек. Од него создаде жена. И од нив расеа и мажи и жени многу. Плашете се од Аллах, со Чие име се повикувате, и меѓу роднините. Аллах, навистина, бдее врз вас!

2

Дајте го на јетимите имотот нивни, и не заменувајте го доброто со лошото, и не трошете го имотот нивни со имотот ваш. Тоа, секако, е голем грев.

3

А ако се плашите дека нема да бидете праведни кон јетимите жени, тогаш, венчавајте ги оние жени кои ви се дозволени: по две, по три, по четири. А ако, пак, се плашите дека нема да бидете праведни, тогаш, доста ви е една; или со оние кои ви се дадени во сопственост. Ете, така ќе бидете најдалеку од неправдата.

4

И дајте им ги на сопругите од се срце нивните венчани подароци, а, ако пак, оние ви подарат нешто од тоа, трошете го на најдобар начин и со уживање.

5

И не давајте го имотот ваш на безумните, кои Аллах ви ги даде да управувате со нив, а имотот нивни за нивна исхрана и облека трошете го, и зборувајте им учтиво!

6

И проверувајте ги јетимите се додека не стасаат за брак, и кога ќе усетите дека се зрели, тогаш, предајте им го имотот нивни. И не трошете го расипнички и брзо додека не пораснат. Кој е богат - нека се воздржи, а кој е сиромашен - нека троши скромно. Кога ќе им го предадете имотот нивни, побарајте присуство на сведоци. Доволно е полагањето сметка кај Аллах!

7

На мажите им припаѓа дел од она што го оставиле родителите и ближните, и на жените им припаѓа дел од она што го оставиле родителите и ближните, било да е многу било да е малку: делот пропишан!

8

А ако се присутни при расподелбата од потесната фамилија, јетими и сиромашни, ним, од имотот, подарете им, и зборувајте им убави зборови.

9

А ако оние, пак, остават зад себе потомство без заштита нека се плашат. И нека се бојазливи од Аллах и нека зборуваат вистина.

10

Оние кои го јадат имотот на јетимите бесправно, навистина, фрлаат оган во стомаците свои; наскоро ќе се пржат во огнот Сеир.

11

Ете, Аллах ви остава во васиет, што се однесува до вашите деца, да им оставите: на машкото дел колку од две женски. А ако, пак, бидат женски повеќе од две ним им припаѓаат две третини од она што го оставил а ако е едно му припаѓа половина. А на родителите, за секој поединечно, шестина од она што го оставил ако има дете, а ако нема дете, во случај да го наследуваат родителите, на мајката и припаѓа една третина. А ако има браќа - на мајката и следува шестина. Ова е по васиетот и подмирувањето на долгот. Вие не знаете кои ви се поблиску, во поглед на корист, родителите ваши или синовите ваши. Тоа е наредба од Аллах. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!

12

И вам ви припаѓа половина од она што го оставаат жените ваши ако немаат дете, а ако имаат дете, вам ви припаѓа четвртина од она што го оставаат по направениот васиет со кој се одредува или по подмирувањето на долгот. А ним им припаѓа четвртина од она што ќе го оставите ако немате дете, а ако имате дете, ним им припаѓа осмина од она што ќе го оставите по направениот васиет со кој се одредува или по подмирувањето на долгот. А ако мажот и жената нема кому да остават, од нагорна или надолна лоза, а имаат брат или сестра - на секој од овие му припаѓа по една шестина, а ако ги има повеќе, тогаш, сите заедно учествуваат во третина по направениот васиет или по подмирувањето на долгот без да биде некој оштетен. Васиетот е од Аллах. Аллах е Зналец и Благ!

13

Ете, тоа се границите Аллахови. Оној кој е послушен на Аллах и на пејгамберот Негов ќе влезе во џеннетските бавчи низ кои реки течат. Во нив за навек ќе остане. Ете, тоа е победа голема!

14

А оној кој е непослушен на Аллах и на пејгамберот Негов, кој ги преминува границите Негови, ќе влезе во огнот. И во него за навек ќе остане. За него има казна срамна.

15

Кога некоја од жените ваши ќе направи прељуба побарајте четири сведоци против нив, а ако, пак, овие посведочат, тогаш, задржете ги во домовите додека не ги стигне смртта или додека Аллах не им отвори пат.

16

А ако, пак, двајцата тоа го направат, од вас, тогаш, прекорете ги, а ако се покајат и ако се поправат, тогаш, поминете преку тоа! Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

17

Да, простувањето кај Аллах, навистина, е за оние кои ќе направат лошо од незнаење и кои потоа веднаш ќе се покајат - така, ним Аллах ќе им прости. А Аллах е Зналец и Мудар!

18

Простувањето не е за оние кои работат лоши дела. Кога некому од нив ќе му се приближи смртта, ќе рече: „Јас, навистина, сега се кајам.“ Не е, токму, ни за оние кои ќе умрат како неверници. За нив Ние подготвивме казна болна!

19

О верници, не ви е дозволено да ги наследувате жените спротивно на нивната волја. И не нанесувајте им штета за да грабнете дел од она што им го подаривте освен ако не направат очигледно срамно дело. И учтиво однесувајте се кон нив. А ако, пак, имате некаков презир кон нив можеби во она што ги презирате Аллах ќе ви даде добро големо.

20

А ако сакате да ја замените жената со друга жена и ако нејзе и дадовте многу богатство од тоа ништо не земајте. Зарем тоа насилно ќе и го одземете. Тоа, очигледно, е грев!