Страна1 / 5
← Сите сури

Гафир

غافر

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Ха, мим!

2

Се објавува Книга од Аллах, Силен и Зналец!

3

Простувач на гревовите и Примач на покајанието, Силен Казнувач, Господар на силата. Нема друг бог освен Него. Свратилиштето е - кон Него.

4

За ајетите Аллахови расправаат само оние кои не веруваат, па нека не те измами патувањето нивно по земјите!

5

И народот на Нух лажеше пред нив и странките по нив. Секој народ му даваше значење на тоа како да го истера пејгамберот негов. И расправаа за невистината за да ја покријат со тоа вистината. Па, ги казнив. Е, само каква беше казната!

6

И ете, така, се исполни зборот на Господарот твој за оние кои не веруваа. Овие се, навистина, жители на огнот.

7

Оние кои го носат Аршот и оние кои се околу него, Го слават, заблагодарувајќи Му се, Господарот свој, и веруваат во Него, и бараат прошка за оние кои веруваат: „Господаре наш, и со знаењето и со милоста опфаќаш се! Прости им на оние кои се каат, кои го следат патот Твој, и сочувај ги од казната џехеннемска!

8

Господаре наш, воведи ги во бавчите еденски кои им ги вети - на оние кои беа добри -, и предците нивни, и жените нивни, и потомствата нивни. Ти си, навистина, Силен и Мудар!

9

И сочувај ги од лошотиите, а оној кого ќе го сочуваш од лошотиите на Денот тој - си му се смилувал, секако!“ Ете, тоа, токму, е победа голема!

10

На оние кои не веруваа ќе им се возгласи: „Омразата Аллахова е поголема, сигурно, од омразата ваша кон самите вас: кога бевте повикани кон верувањето, па не верувавте.“

11

Ќе речат: „Господаре наш, двапати не усмрти и двапати не оживи, па еднаш веќе ги признавме гревовите наши. Има ли, тогаш, некој пат по кој ќе може некако да се излезе?“

12

„Тоа ви е, ете, зашто не верувавте кога се повикувавте кон Аллах, Единствениот, а кога Му се здружуваше нешто, верувавте. Судот е на Аллах, Вишен и Голем!“

13

Он ви ги покажува знаменијата Негови и од небо ви спушта 'рск. Се сеќава само оној кој ја прима поуката.

14

Па, повикувајте Го Аллаха, исповедувајќи ја чистата вера Негова, па макар тоа го мразеле неверниците!

15

Возвишувач на скалите, Сопственик на Аршот, кој го испраќа Духот со наредбата Своја, оној кого сака од робовите Свои за да опомене за денот на Средбата.

16

Денот во кој ќе се споредуваат, кога на Аллах ништо од нив не ќе Му биде скриено. И чија ќе биде власта на Денот тој? - Аллахова ќе биде, Единствениот и Силниот!

17

Ден во кој секој ќе биде награден според она што си го спечалил. Не ќе има неправда на Денот тој. Аллах, навистина, е Брз Пресметувач!

18

И опомени ги за денот што е блиску: кога срцата во грлата ќе застанат, загушени. За зулумќарите нема поддржник или посредник кој ќе биде послушен.

19

Он го знае скришниот поглед на очите и она што го кријат градите.

20

Аллах исправно решава. Оние кои се повикуваат на други богови освен Него... па, овие во ништо не можат да пресудат. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!