Страна1 / 3
← Сите сури

Фусилет

فصلت

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Ха, мим!

2

Објава од Милостивиот Сомилосен!

3

Книга со потенко објаснети ајети - Кур'ан на арапски - за луѓето кои знаат!

4

Како радосник и опоменувач. Па, мнозинството од нив се рамнодушни кон него и оние никако не слушаат.

5

И зборуваат: „Срцата наши се затврднати во однос кон она кон што не повикуваат, ушите ни се стежнати а меѓу нас и тебе има завеса. Па, ти работи си, а и ние, навистина, ќе си работиме!“

6

Кажи: „Јас сум, навистина, човек, вам сличен. Само ми се објавува дека вашиот Бог, секако, е еден Бог. Па, тогаш, барајте да се управете кон Него и барајте прошка од Него. И тешко на многубошците!“

7

Оние кои не даваат зекат баш се оние кои не веруваат во Ахирет.

8

За оние кои веруваат и кои добри дела работат, навистина, има награда која не престанува!

9

Кажи: „Вие ли, навистина, не верувате во Оној кој ја создаде земјата за два дена? И Нему ли Му припишувате здруженици? Ете, тоа е Господарот на световите!“

10

И Он расфрла по земјата планини, и во неа, исто така, посеа бериќети, и ги постави сите услови за живот и тоа за четири дена... ова за оние кои бараат.

11

Потоа се упати кон небесата а тие беа како магла, и им рече, ним и на земјата: „Дојдете, сакале или не сакале!“ Па, рекоа: „Доаѓаме, сакајќи!“

12

И за два дена, потоа, Он одреди седум небеса, и на секое небо му ја вдахна наредбата за него. А небото, над земјата Ние со ѕвезди го разубавивме и го чуваме. Ете, тоа е наредбата на Силниот и Зналецот!

13

Па, ако се рамнодушни, кажи им: „Ве опоменав со молњата, слична на молњата врз Ад и Семуд!“

14

И кога им дојдоа пејгамберите и зад нив и пред нив: „Освен Аллах ли ќе обожавате?“ Рекоа: „Господарот наш да посака ќе испрати мелеки: ние, навистина, не веруваме во она со што сте испратени!“

15

А што се однесува до Ад... тие се дуеја по земјата бесправно, и зборуваа: „Кој е помоќен од нас?“ Не гледаат ли дека Аллах кој ги создаде, навистина, е помоќен од нив? И не ги признаваа знаменијата Наши!

16

Па, Ние им испративме ветар ладен, во деновите несреќни за да ја вкусат срамната казна во животот на овој свет, а казната на Ахирет сигурно е посрамна. Не ќе им се помогне!

17

А што се однесува до Семуд... па, нив Ние ги упативме: повеќе го сакаа беспаќето од Патоказот, па ете, ги погоди молња, казна срамна за она што го спечалија.

18

И Ние ги спасивме оние кои веруваа и богобојазливите!

19

И Денот во кој непријателите Аллахови ќе бидат натерани во огнот... па, тие ќе бидат притворени,

20

и штом ќе дојдат до неа, ќе сведочат против нив: и ушите нивни, и очите нивни, и кожите нивни... за она што го работеа.