Страна1 / 3
← Сите сури

Еш-Шура

الشورى

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Ха, мим,

2

ајн, син, каф!

3

Ете, така ти се објавува, како и на оние пред тебе, Аллах, Силниот и Мудриот!

4

Се што е на небесата и на Земјата е - Негово. Он е и Вишен и Голем!

5

Небесата само што не се здробат еднинадруги, а мелеките Го слават, заблагодарувајќи Му се, Господарот свој, и бараат прошка за оној кој е на земјата. Но, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

6

Оние кои прифаќаат други заштитници освен Него... Аллах бдее врз нив и ти не си закрилник врз нив!

7

И ете, така Ние ти го објавивме Кур'анот на арапски за да ја опоменеш Уммул Кура и оние околу неа, и да ги опоменеш за Денот на собирањето во кој, секако, нема сомнение. Една дружина ќе биде во Џеннетот, а една ќе биде во Џехеннемот!

8

Аллах да сакаше ќе ве направеше да бидете еден народ. Но, Он кого сака го воведува во милоста Своја. А зулумќарите немаат ни заштитник ни поддржник!

9

Или: „Прифатија ли други, освен Него, пријатели. Па, Аллах е Оној кој е Пријател, и Он ги оживува мртвите и Он е Кадар за се!

10

И во се што се разединувате - та, Судот за тоа е Аллахов. Тоа ви е Аллах, Господарот мој, врз Него се потпирам и Нему му се обраќам!“

11

Создател на небесата и на Земјата! И од вас Он парови создаде и од добитокот парови создаде. За да ве множи, секако! Нему не Му е ништо слично. Он е Слушач и Гледач!

12

Клучевите и на небесата и на Земјата се - Негови! Кому сака дава 'рск и му одредува. Он, навистина, е Зналец на се!

13

Во верата ви го пропиша она што му беше оставено во васиет на Нух, и она што Ние тебе ти го објавуваме, и она што им го оставивме во васиет и на Ибрахим, и на Муса, и на Иса: „Да бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате!“ Она кон што ги повикуваш многубошците е голема работа. Аллах избира кон Себе кого сака и го упатува кон Себе оној што Му се обраќа.

14

И оние се разединија, заради тоа што се пакостеа еденсодруг, веднаш по дојденото им знаење. А зборот на Господарот твој да не им претходеше со рок определен сигурно ќе им беше пресудено. Оние кои по нив ја наследија Книгата се сомневаа, исцело!

15

Па, ете, заради тоа повикувај и биди истраен онака како што ти е наредено! И не следи ги страстите нивни, и кажи: „Верувам во она што е објавено од Аллах во Книгата. Наредено ми е справедливо да судам меѓу вас; Аллах е и Господарот наш и Господарот ваш. Нам - нашите дела а вам - вашите дела. Нема потреба еднинадруги да се докажуваме. Аллах сите ќе не збере, и свратилиштето е - кон Него!“

16

А оние кои донесуваат докази за Аллах по веќе доказите нивни со кои се повикуваше кон Него - се ништожни кај Господарот нивни; омраза заслужуваат и за нив има казна жешка!

17

Аллах е Оној кој објавува Книга со вистина и рамнотежа. А што знаеш? Можеби Часот е блиску!

18

Оние кои не веруваат во него бараат да дојде побрзо. А оние кои веруваат стравуваат од него и знаат дека тоа, секако, е вистина. Како и да е оние кои се сомневаат во Часот се во беспаќе далечно!

19

Аллах е Сочувствителен кон робовите Свои. Он дава 'рск кому сака. Он е Јак и Силен!

20

Оној кој сака награда на Ахирет, Ние ќе ја зголемиме наградата негова, а оној кој сака награда на овој свет, ќе му ја дадеме, а на Ахирет за овој не ќе има дел.