Ез-Зухруф
الزخرف
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Ха, Мим!
Се колнам во Книгата јасна!
Ние, навистина, го одредивме Кур'анот да биде на арапски за да сфатите!
А тој, секако, е од Нас, во Мајка на Книгата, вишен и мудар!
Да отстапиме ли од вас, да не ве опоменуваме кога сте вие народ расипнички?
И колку пејгамбери Ние испративме меѓу народите одамнешни,
и не им доаѓаше ниеден пејгамбер а тие да не го исмеваа.
Па, Ние ги уништивме оние кои беа посилни и појаки од сегашните. А примерот за народите одамнешни веќе е споменат!
А ако ги запрашаш кој ги создаде небесата и Земјата сигурно ќе речат: „Ги создаде Силниот и Зналецот!“
Оној кој ви ја одреди земјата крошна и на неа ви одреди патишта за да се управувате по нив!
И Оној кој ви спушти вода од небесата во мера одредена и, со помош нејзина, Ние ги оживуваме мртвите предели. Ете, така и вие ќе бидете оживеани!
Оној кој од се создаде парови и ви одреди и брод и добиток што го јавате:
да седнете на плеќите нивни и, кога ќе седнете, да се сеќавате на благодатот од Господарот ваш, и да речете: „Вишен е Оној кој ни го потчини ова кое, без Него, не можеме да го постигнеме!
Ќе му се вратиме на Господарот наш, навистина!“
И оние му здружуваат од робовите Негови дел некаков. Човекот, навистина, е неверник очигледен!
Или, пак, ќерки да присвои Он, од она што Он го создава, а вам синови ви дарува?
А кога ќе се зарадува еден од нив со она што му го припишуваше на Милостивиот, лицето му станува црно и се загушува.
Оние ли кои растат меѓу накити и кои никојпат не можат да се извлечат од спротивности?
Мелеките кои претставуваат робови на Милостивиот... тие, всушност, жени ги сметаат. Беа ли сведоци при создавањето нивно? Ќе се забележат сведочењата нивни, и ќе бидат прашувани!
И зборуваат: „Да посакаше Милостивиот ние не ќе ги обожававме.“ За тоа тие ништо не знаат; тие само лажат.