Страна1 / 3
← Сите сури

Ед-Духан

الدخان

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Ха, Мим!

2

Се колнам во Книгата јасна!

3

Да, Ние ја објавивме, во една ноќ благословена. Ние сме, навистина, опоменувачи!

4

Во неа се одделува секоја наредба мудра;

5

наредбата Наша: Ние, секако, испраќавме пејгамбери:

6

од Господарот твој милост. Он, навистина, е Слушач и Зналец!

7

Господарот на небесата и на Земјата и на она што е меѓу нив - ако сте уверени.

8

Нема друг бог освен Него. Он оживува и Он усмртува. Господарот ваш и Господарот на предците ваши одамнешни!

9

Но, не! Тие се сомневаат! Се забавуваат!

10

Па, почекај го Денот во кој небесата ќе понесат чад јасен,

11

кој ќе ги покрие луѓето. Ова е казна болна.

12

Господаре наш, отстрани ја од нас казната; ние сме, навистина, верници!

13

Од каде им Опомена? Веќе им дојде пејгамберот јасен!

14

Потоа ги свртеа плеќите кон него и рекоа: „Он е поучен! Луд е!“

15

Ние, секако, нешто ќе отстраниме од казната; да, но вие ќе се вратите во многубоштво

16

на оној Ден кога ќе ги зафатеме со зафат голем, тогаш, навистина, Ние ќе им се одмаздиме.

17

Пред нив Ние и народот на фараонот го ставивме во искушение, и им дојде пејгамбер благороден:

18

„Исполнете го вашиот долг кон мене, о Аллахови робови! Пејгамбер сум ваш, навистина, доверлив!“

19

И: „Не воздигнувајте се над Аллах. Јас, навистина, ви донесувам јасен доказ!

20

Да, јас барам заштита од Господарот мој и од Господарот ваш, за да не ме каменувате,