Страна1 / 2
← Сите сури

Ел-Џатија

الجاثية

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Ха, Мим!

2

Книга која се објавува од Аллах, Силен и Мудар!

3

На небесата и на земјата, навистина, има знаменија за верниците!

4

И во создавањето ваше и во животните што Он ги растури има знаменија за луѓето кои цврсто се уверени.

5

И во измената на ноќта и денот и во она што Аллах го спушти од небесата, 'рскот, со што ја оживува земјата по мртвилото нејзино, и во управувањето на ветровите... во тоа има знаменија за луѓето кои сфаќаат.

6

Ете, тоа се ајетите Аллахови кои Ние ти ги кажуваме со вистина. Па, во кој говор по Аллаховиот и ајетите Негови тие веруваат?

7

Тешко на секој лашко и грешник!

8

Ги слуша ајетите Аллахови што му се кажуваат, потоа станува горделив, ете, како да не ги слушнал. Па, зарадувај го со казната болна!

9

А ако сознае нешто од ајетите Наши ќе го обзеде исмевање. За нив има казна срамна.

10

Зад нив е и Џехеннемот. Во ништо не ќе им користи она што го спечалија. И оние кои прифатија други пријатели освен Аллах. За нив има казна голема!

11

Ова е Патоказот, а за оние кои не веруваат во знаменијата на Господарот свој... за нив има болна, казна неподнослива.

12

Аллах е Оној кој ви го потчини морето за бродот да плови со наредбата Негова, и да ја побаруваат добрината Негова, и да бидете благодарни!

13

И Он ви го потчини и она што е на небесата и она што е на Земјата, се заедно! Во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!

14

Кажи им на оние кои веруваат да им простат на оние кои не се надеваат на деновите Аллахови во кои луѓето ќе се наградат според она што го спечалија:

15

кој ќе направи добро дело за себеси ќе го направи, а кој ќе направи зло дело, против себеси ќе го направи. Потоа кон Господарот ваш ќе се вратите!

16

А на синовите Израилови Ние, секако, им дадовме Книга, и мудрост и пратеништво, и Ние им дадовме од 'рскот, од добрата, и ги одликувавме над другите!

17

И Ние им дадовме јаснотии за Нердбата. И се разединија веднаш по дојденото им знаење, завидувајќи еднинадруги. Господарот твој, навистина, ќе пресуди меѓу нив на Денот суден за она за што, токму, станаа деленици.

18

Потоа, што се однесува до наредбата, Ние одредивме да одиш по Патот голем и, тогаш, следи го, а не следи ги страстите на оние кои не знаат!

19

Оние, навистина, во ништо не ќе ти користат кај Аллах. Зулумќарите се пријатели еднисодруги. А Аллах е Пријател на богобојазливите!

20

Ова се очигледности за луѓето, и Патоказ и Милост за луѓето кои цврсто се уверени.