Ел-Ахкаф
الأحقاف
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Ха, мим!
Книга што се објавува од Аллах, Силен и Мудар!
Ние ги создадовме и небесата и Земјата и она што е меѓу нив само со вистина и до рок определен. А оние кои не веруваат се рамнодушни кон она со што се опоменуваат.
Кажи: „Покажете ми го она што го посакувавте освен Аллах? Покажете што создадоа на земјата! Или, пак, се здружени во создавањето на небесата. Дајте им ја Книгата пред оваа или, пак, трагите на знаењето ако сте искрени.“
Кој повеќе скршнал од оној кој повикува друг бог освен Аллах, кој не може да му се оѕвие на Денот суден и тие, освен Аллах, рамнодушни се кон молбите нивни,
и кои, кога луѓето ќе се зберат, ќе станат непријатели нивни, и кои не ги признаваа обожавањата нивни.
А кога им се кажуваат ајетите Наши, јасни, неверниците зборуваат за вистината, бидејќи веќе им дошла: „Ова е волшебништво очигледно!“
Или, пак, велат: „Фрла лага врз Аллах!“ Кажи: „Ако фрлам лага врз Него, па вие не можете да ме заштитите од казната Аллахова. Он најдобро го знае она што го изнесувате. Он е Доволен Сведок меѓу мене и меѓу вас. Он е Простувач и Сомилосен!“
Кажи: „Меѓу пејгамберите јас не сум нешто ново, и не знам што ќе се прави со мене а и со вас, исто така. Јас само го следам она што ми се објавува и јас сум само опоменувач јасен!“
Кажи: „Што мислите? Ако Кур'анот е од Аллах, а вие не верувате во него, а за него, пак, сведочеше еден сведок од синовите Израилови дека тој е сличен на претходната Книга - та, поверува - а вие се надувте.“ Аллах, навистина, не го упатува народот зулумќарски!
Неверниците им зборуваат на верниците: „Ако е тоа некое добро не ќе не престигнеа во тоа.“ И бидејќи не се упатија по него, уште зборуваат: „Ова е лага одамнешна!“
А пред него беше Книгата на Муса, како водач и милост. Ова е Книга потврда на арапски јазик за да ги опомене оние кои зулум направија, и радосница за доброчинителите.
Оние кои, навистина, велат: „Аллах е Господарот наш“; потоа кои се истрајни... оние не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!
Оние се жители џеннетски и во него за навек ќе останат; тоа им е награда за она што го работеа.
А и на човекот Ние во васиет му оставивме убаво да се однесува кон родителите свои. Мајката негова со мака го носеше и со мака го роди; го носеше и го доеше триесет месеци. А кога ќе сјакне и ќе наполни четириесет години, вели: „Господаре мој, овозможи ми да ти се заблагодарам на благодатот Твој со кој ме опсипа, мене и родителите мои, и да работам добро со што ќе бидеш задоволен и одреди потомството мое да биде добро. Јас, навистина, се кајам и јас сум меѓу муслиманите!“
Од таквите Ние ќе го примиме она што го работеа, најдоброто, а ќе ги занемариме пропустите нивни, меѓу жителите на Џеннетот - ова е ветување вистинско со што им беше ветено!
Оној што ќе им рече на родителите свои “Уф“, од вас двајца, ми ветувате ли дека ќе бидам оживеан. Пред мене, секако, пропаднаа поколенија многу, а родителите, барајќи помош од Аллах, велат: „Тешко тебе, верувај! Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина,“ а тој, пак, вели: „Ова се само приказни одамнешни!“
Тоа се оние врз кои се овистини Зборот што беше кажан меѓу народите кои веќе поминаа пред нив - и џинови и луѓе - и кои, секако, беа поразени!
И за секого имаат степени за она што го работеа. Аллах луѓето ќе ги награди за делата нивни; неправда не ќе им се направи.
А Денот во кој неверниците ќе бидат изложени на огнот: „Ги потрошивте вашите добра во животот ваш на овој свет и посакувате да уживате во нив. Па, денес ќе се казните со казната понижувачка затоа што се надувте на земјата бесправно и затоа што грешевте.“