Ел-Маида
المائدة
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
О верници, исполнувајте ги обврските. Ви се дозволуваат домашните животни, освен она за кое ќе ви биде кажано. Не ви е дозволено да ловите додека сте во ихрами. Аллах, навистина, го определува она што го посакува!
О верници, не осквернувајте ги прописите Аллахови, ни светиот месец, ни курбаните - оние со ѓердани украсени, ни упатените кон Храмот свет кои ја посакуваат од Господарот свој и добрината и задоволството. А кога, пак, ќе помине времето на вашиот хаџџ дозволено ви е да ловите. А омразата што ја имате кон некои луѓе кои ве одвраќаат од Месџидул-Харам никако нека не ве натера да нападнете еднинадруги; помагајте се и во доброчинство и во богобојазливост. И не помагајте се еднисодруги во грев и во непријателство! И плашете се од Аллах! Аллах, навистина, е Жесток Казнувач!
Забрането ви е: и мрша, и крв, и свинско месо, и она што е заклано во друго а не во името Аллахово, и она што е задавено и погодено, и она што е урнато, и со рог прободено, или од ѕвер начнато - освен ако го имате заклано пред да е усмртено, и она што е заклано на жртвеници, и да ја претскажувате иднината со фрлање стрели. Тоа ви е се порок. Денес, неверниците, изгубија надеж во верата ваша; та, не плашете се од нив, туку од Мене плашете се! Денес ви ја надополнив верата ваша и го исполнив благодатот Мој кон вас, и задоволен сум Исламот да ви биде вера. Ако некој се најде во неволја, кога гладот мете, не сакајќи да падне во грев... па, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
Те прашуваат што им е дозволено, кажи: „Дозволени ви се добрата, и она што го запознавте: ловот на животните кои се за тоа поучени онака како што ве поучи Аллах. И јадете го она што оние ќе го фатат за вас, и при тоа, споменувајте го името Аллахово. Плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Брз Пресметувач!
Денес ви се дозволуваат добрата; дозволена ви е храната на оние на кои им е дадена Книгата, а и храната ваша е дозволена за нив. Дозволени ви се чесните жени вернички, и чесните жени вернички од оние на кои им е дадена Книгата пред вас кога ќе им ги дадете нивните венчани подароци за да се ожените а не блуд да правите со нив, и да не ги земате за љубовници. Оној кој не верува во верата, тогаш, му пропаѓа делото негово и на Ахирет ќе биде меѓу презрените!
О верници, кога ќе се исправите намаз да извршите, измијте ги вашите лица и вашите раце до лактовите, а главите ваши допрете ги со влажна рака, а нозете ваши до зглобовите. А ако сте џунуби, тогаш, избањајте се. А ако сте болни или ако сте на пат или ако некој од вас изврши нужда, или ако се состанете со жените а при тоа не најдете вода, - тогаш рацете ваши допрете ги на чиста земја и со нив допрете ги лицата ваши и рацете ваши. Аллах не сака да ве остави во неприлика. Он сака да ве очисти и да го исполни благодатот Свој кон вас за да бидете благодарни!
И сеќавајте се на благодатот Аллахов кон вас и на договорот кој го склучивте со Него кога рековте: „Слушаме и послушни сме.“ Плашете се од Аллах! Аллах, навистина, го знае она што е во градите!
О верници, бидете истрајни во тоа и, заради Аллах, сведочете праведно. И омразата кон еден народ нека не ве натера да бидете неправедни. Бидете праведни. Праведноста е поблиску до богобојазливоста. Плашете се од Аллах. Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!
На оние кои веруваат и кои прават добри дела Аллах им вети и прошка и награда голема,
а оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши оние се жители џехеннемски!
О верници, сеќавајте се на благодатот Аллахов кон вас кога една дружина сакаше да ги пружи нивните раце над вас па Он ги запре рацете нивни. Плашете се од Аллах! Та, врз Аллах нека се потпираат верниците!
И Аллах веќе го прифати Договорот со синовите Исраилови. И од нив испративме дванаесет старешини. И Аллах рече: „Јас сум со вас, навистина! И ако намаз извршувате, и ако зекат давате, и ако во пејгамберите Мои верувате и ако им помагате и ако на Аллах му дадете заем добар ќе ги отстранам од вас лошотиите ваши и ќе ве воведам во бавчите џеннетски низ кои реки течат. И кој од вас по тој договор не верува - скршнува по лошиот пат, секако!“
И бидејќи го прекршија договорот свој, ги проколнивме и ги затврднавме срцата нивни; зборовите на договорот од некои места ги преиначија и заборавија на еден голем дел од она со што беа опоменувани. И постојано, освен мал број од нив, ќе ги гледаш како го изневеруваат Договорот. Па, прости им и оддалечи се од нив! Аллах, навистина ги љуби доброчинителите!
и од оние кои зборуваат: „Ние сме христијани.“ Ние го прифативме Договорот нивни. Па, оние заборавија на еден голем дел од она со што беа опоменувани. И меѓу нив Ние уфрливме и непријателство и омраза се до Денот суден. Потоа ќе бидат известени од Аллах за она што го работеа.
О Следбеници на Книгата, ви дојде, секако, наш пејгамбер кој ви објаснува голем дел од Книгата - што бевте го криеле, а преку голем дел поминува. Ви дојде од Аллах Светлина и Книга јасна.
Со неа Аллах ги упатува кон патиштата спасувачки оние кои го следат задоволството Негово и ги изведува, со одобрението Свое, од темнина во светлина, и ги упатува по патот вистински.
Не веруваат, секако, оние кои зборуваат: „Аллах, навистина, е Месих, синот на Мерјем“ Кажи: „Кој може нешто да присвои од Аллах ако Он посака да го уништи Месих, синот на Мерјем и неговата Мајка и се она што е на Земјата?“ Власта и на небесата и на Земјата и меѓу нив е - Аллахова! Он твори со посак Свој, и Аллах е Кадар за се!
И Евреите и христијаните зборуваа: „Ние сме синови Аллахови и љубимци Негови.“ Кажи: „Зошто, тогаш, Аллах ве казнува за гревовите ваши?“ Но не! Вие сте луѓе, од оние кои Он ги создаде. Аллах некого со посак Свој наградува, а некого, со посак Свој, казнува. Власта и на небесата и на Земјата е - Аллахова. Свратилиштето е - кон Него!
О Следбеници на Книгата, ви дојде пејгамбер Наш да ви објасни, по прекинот на пејгамбери, за да не речете: „Не ни дојде ни: радосник ни опоменувач.“ А веќе ви дојде и радосник и опоменувач. А Аллах е Кадар за се!
И кога Муса му рече на народот свој: „О народе мој, сетете се на Аллаховиот благодат кон вас кога Он, меѓу вас, испрати пејгамбери и кога ве определи за владетели, и кога вам ви го даде она што не му е дадено на ниеден народ.