Страна1 / 3
← Сите сури

Каф

ق

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Каф! Се колнам во Кур'анот славен.

2

Но, ете се чудат затоа што им дојде еден опоменувач меѓу нив... па, неверниците велат: „Ова е чудна работа!

3

Зарем кога ќе умреме и кога ќе станеме земја? Ете, тоа враќање е невозможно.“

4

Ние знаеме, секако, што ќе им одземе земјата. Кај нас е Книгата што се чува!

5

Но, не! Оние лажат за вистината, бидејќи таа веќе им дојде: токму, сметени се!

6

Зошто не гледаат кон небото над нив? Како Ние го подигнавме и како го накитивме и како е без недостаток?

7

И Земјата како Ние ја раширивме и како по неа брда расфрлавме, и од неа како да никнат секакви плодови убави,

8

како очигледност и опомена за секој роб кој се обраќа.

9

И од небото Ние спуштивме вода благородна, па со неа даваме да никнат и зеленчуци и жито што се жнее,

10

и урми високи, во листовите збрани,

11

како 'рск за робовите, и со водата, исто така, Ние го оживуваме мртвиот предел. Ете, такво ќе биде проживувањето!

12

И пред нив лажеа: и народот на Нух, и жителите на Рес, и на Семуд,

13

и на Ад, и фараонот и браќата на Лут,

14

и жителите на Ајка и народот на Туб. Сите тие ги сметаа за лажни пејгамберите... па се овистини ветувањето!

15

Па, се уморивме ли со творењето прво? Но, тоа се оние кои не се начисто со новото создавање!

16

Ние, секако, го создадовме човекот и знаеме што му шепоти душата. Ние сме му, меѓутоа, поблиску од жилата во гркланот.

17

Кога ќе се сретнат двајца, еден од левата а еден од десната страна, и кога ќе седнат,

18

не ќе прозборат ниеден збор а да при себе нема бдеец, спремен!

19

Маките смртни ќе дојдат, навистина! Од тоа, ете, не можеш да побегнеш!

20

И ќе се дувне во Сурлата! Ете, тоа е Денот ветен!