Ед-Даријат
الذاريات
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Се колнам во дувачите кои дуваат,
и во носачите кои носат тешко,
и во пливачите кои пливаат лесно,
и во споделувачите на наредбата дека
она што ти се ветува е - вистина,
дека ветувањето, секако, ќе се случи!
Се колнам во небото, испресечено со покази,
дека вие, навистина, различно зборувате,
и од него се одвраќа оној кој веќе се одвратил!
Нека пропаднат лашковците,
кои се вглавени во незнаење, и уште рамнодушни!
Велат: „Кога ќе биде Денот суден?“
Оној Ден кога во огнот ќе се пржат.
Вкусете го сплеткарењето ваше. Па, кон ова вие, токму, брзавте да дојдете.
Богобојазливите, навистина, ќе бидат во бавчите џеннетски, меѓу изворите,
и ќе го земаат она што ќе им го рече Господарот нивни. Оние пред тоа беа, навистина, доброчинители,
само малку во ноќта спиеја,
и во мугрите, токму, прошка бараа,
а во имотите свои, пак, имаше дел и за питачите и за непитачите.
А на земјата има знаменија за верниците,