Страна1 / 3
← Сите сури

Ет-Тур

الطور

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Се колнам во Тур,

2

и во Книгата во редици поредена,

3

на кожа одвиткана;

4

се колнам и во Куќата подигната,

5

и во сводот воздигнат,

6

и во морето затоплено, -

7

дека казната на Господарот твој ќе се случи:

8

никој не ќе ја отстрани,

9

и во Денот во кој небото ќе се затресе, тресејќи се силно,

10

и кога брдата, поместувајќи се, ќе се поместат силно,

11

ете, на Денот тој, тешко на лашковците,

12

оние кои, играјќи се, се зарија во лаги:

13

Ден во кој ќе се турнат во огнот џехеннемски, насилно:

14

ова е огнот кој го сметавте за лажен;

15

па, ова ли е волшебништво или, пак, вие не гледате:

16

треснете во него! Ќе трпете ли или нема да трпете, сеедно ви е. Ќе бидете казнети за она што го работевте!

17

Да, богобојазливите ќе бидат во бавчите џеннетски и во благосостојба.

18

Радосни на она што им го даде Господарот, и ќе ги сочува Господарот нивни од казната огнена!

19

Јадете и пијте и пријатно нека ви биде: за она што го работевте,

20

потпрени на дивани наместени, и ќе ги ожениме со хурии, со очи крупни.