Страна1 / 4
← Сите сури

Ен-Неџм

النجم

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Се колнам во ѕвездата кога ќе зајде,

2

дека другарот ваш не скршна во заблуда, а ниту, пак, залута,

3

и не зборува по желба своја,

4

туку тоа е само Објава што се објавува!

5

Го поучува Силниот и Моќниот,

6

Кој е полн со сила, па завладеа!

7

Он е на највисокиот видик,

8

потоа пријде и се наведна,

9

и, ете, се приближи колку две стрели или поблиску,

10

и така му го објави на робот Свој она што, токму, му го објави;

11

и срцето не го изневери она што го виде.

12

Е, па, ќе се расправаш ли со него за она што го здогледа?

13

И го виде, секако, повторно

14

кај Сидретул Мунтеха,

15

кај Него и престојувалиштето џеннетско,

16

кога Сидра ја покри она што ја покри.

17

Погледот не се ни сврте и не се ни збуни.

18

Да, виде од знаменијата големи на Господарот свој.

19

Што мислите за Лат и Узза?

20

И за Менат, оној третиот, последниот?