Страна1 / 3
← Сите сури

Ел-Камер

القمر

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Часот се приближува а Месечината се расцепува.

2

А ако здогледаат знамение - рамнодушни се, и зборуваат: „Волшебништво постојано!“

3

И лажат и страстите свои ги следат, и секоја ствар е утврдена.

4

Да, им дојдоа кажувања да ги одвратат:

5

мудрост дофатна но, ете, опомената не вреди.

6

Па, сврти ги плеќите кон нив на Денот кога Он, повикувајќи, ќе повика кон нешто страшно.

7

Ќе се појават со соборени погледи од гробовите како да се скакулци расфрлени,

8

брзајќи кон Оној кој ги вика, а неверниците ќе речат: „Ова е тежок Ден.“

9

А пред нив лажеше и народот на Нух, го сметаа за лажен робот Наш, и зборуваа: „Луд е!“ И го оневозможуваа!

10

Па го повика Господарот свој: „Јас сум, навистина, победен; тогаш, помогни ми!“

11

И тогаш Ние ги отворивме вратите небесни низ кои потече пороен дожд;

12

па, така, Ние дадовме да избијат извори и да се спои водата како што беше со наредбата одредено;

13

и го префрливме на штици, со шајки заковани:

14

плови пред очите Наши; тоа е казна за оној кој не верува.

15

Да, тоа го оставивме да биде знамение: па, има ли некој кој го прифаќа?

16

Каква беше, тогаш, казната Моја и опомената Моја?

17

Да, Ние го олеснивме Кур'анот за опомена, па кој го прифаќа?!

18

Ад лажеше, па каква беше казната Моја и опомената Моја?!

19

И врз нив Ние испративме, во еден ден определен, ветар кој постојано мете:

20

луѓето ги носеше како да се гранки од урма скршени.