Страна1 / 4
← Сите сури

Ер-Рахман

الرحمن

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Милостивиот!

2

Кој го поучи со Кур'анот!

3

Он го создаде човекот!

4

Он го поучи да објаснува!

5

И Сонцето и Месечината одат по пресметаното!

6

И ѕвездите и стеблата паѓаат на сеџде.

7

И Он небото го подигна и одреди рамнотежа.

8

Да не ја преминувате границата на правдата.

9

И мерете исправно и не откинувајте!

10

И Он земјата ја растегна за битијата,

11

и на неа има овошје и урми обвиткани,

12

и жито со лисје и цвеќиња мирисни,

13

па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

14

Он го создаде човекот од стврдната глина,

15

а џиновите ги создаде од пламен огнен,

16

па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

17

Господарот на два истока и на два запада,

18

па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!?

19

Ги оддели две мориња кои само се допираат:

20

меѓу нив има Препрека, и не се мешаат,