Ел-Ваки'а
الواقعة
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Кога Случката ќе се случи,-
за таа случка не може да се слаже,-
таа ќе потцени и ќе воздигне!
Кога земјата, тресејќи се, ќе се затресе, силно,
и кога брдата, кршејќи се во делови, ќе се скршат силно...
па, ќе станат прашина разнесена,
и ќе ве има три видови:
- луѓе исправни, - а кои се тие луѓе исправни?
- луѓе неисправни, - а кои се тие луѓе неисправни?
- оние кои претходат, - а кои се тие кои претходат?
Ќе бидат до Господарот нивни блиски,
во бавчите џеннетски, прекрасни!
Многумина од народите одамнешни,
а малкумина од народите недамнешни!
На кревети едникондруги поставени,
и на дивани потпрени, едникондруги свртени!
Ќе ги служат вечно млади момчиња, одејќи од едендодруг,
со чаши, и со ибрици и со пехари, со вода изворска,
од неа не ќе се оддалечат и не ќе се откажат.
Ќе има и овошје од кое сами ќе си бираат,