Страна1 / 9
← Сите сури

Ел-Ен'ам

الأنعام

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Благодарение на Аллах! Кој ги создаде небесата и Земјата и Кој ја определи темницата и светлината. Оние кои не веруваат, по тоа, со Господарот нивни други изедначуваат!

2

Тоа е Оној кој ве создаде од земја, а потоа го определи рокот на живеењето - рокот именуван е кај Него, а вие, сепак, се сомневате.

3

И Он е Аллах и на небесата и на Земјата; Он ја знае и вашата јавност и вашата тајност, го знае и она што го печалите.

4

И ним не им доаѓаше ниеден ајет, од ајетите на Господарот нивни, а тие кон него да не беа рамнодушни!

5

Кога Вистината им доаѓаше - веќе лага фрлаа врз неа. Па, ќе им дојдат вести за она за што се исмеваа.

6

Не гледаа ли колку поколенија пред нив Ние уништивме? На кои им дадовме такви места на земјава кои вам не ви се дадени: и од небо спуштивме дожд во изобилие и определивме меѓу нив да течат реки и, заради гревовите нивни, ги уништивме и, по нив, други поколенија, Ние создадовме.

7

А Книгата да ти ја објавивме на хартија и да ја допрат со рацете свои, оние кои не веруваат, би рекле: „Ова е само волшебништво јасно!“

8

И потоа рекоа: „Зошто да не му се објавува мелек?“ А Ние мелек да објавивме работата ќе беше решена и потоа немаше да бидат здогледани.

9

И мелек да определивме пак како човек ќе го определивме: нејасно ќе им беше она што е нејасно.

10

И пејгамберите веќе пред тебе беа исмевани. А на оние од нив кои се шегуваа, па, ги обзеде токму она за што се исмеваа.

11

Кажи: „Патувајте по земјата и гледајте каква беше казната на лашковците!“

12

Кажи: „Чие е она на небесата и на Земјата?“ Кажи: „Аллахово е!“ Аллах за Себеси пропиша милост. На Денот суден, во кој нема сомнение, ќе ве збере. Оние кои се упропастија самите себеси - оние, токму, не веруваат.

13

Се што пребива и преку ноќ и преку ден е - Аллахово! Он е Слушач и Зналец!

14

Кажи: „Заштитник ли, освен Аллах да земам, Кој е Творител на небесата и на Земјата, Кој храни а не се храни?“ Кажи: „Наредено ми е да бидам прв во послушноста.“ И никако немој да бидеш меѓу многубошците!

15

Кажи: „Ако сум непослушен кон Господарот мој би се плашел од казната на Денот голем!“

16

А оној кој ќе биде поштеден од тој Ден Он веќе му се смилувал. Ете, ова е победа јасна.

17

Ако те допре неволја од Аллах никој, освен Него, не може да ја отстрани, а ако те допре добро - та, Он е Кадар за се!

18

И Он е Силен. Над робовите Свои е. Мудар и Известен е Он!

19

Кажи: „Кое е најголемо сведочење?“ Кажи: „Аллах е Сведок меѓу мене и меѓу вас. И објавен ми е овој Кур'ан да ве опоменувам со него, вас и оние на кои им е соопштен.“ Ќе посведочите ли дека има покрај Аллах, навистина, други богови? Кажи: „Не сведочам, Он, навистина, е еден Бог и јас сум, секако, далеку од вашето припишување здруженик!“

20

Оние со дадената им Наша Книга го знаат како што ги знаат синовите свои. Оние кои си нанесоа штета - оние се, токму, кои не веруваат.