Ес-Саф
الصف
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
И она што е на небесата и она што е на Земјата - Аллаха го слави! Он е Силен и Мудар!
О верници, зошто го зборувате она што не го работите?
Е, само колку е гнасно кај Аллах кога го зборувате она што не го работите!
Аллах, навистина, ги љуби оние кои се борат на Неговиот пат во редови како да се, токму, бедеми зацврстени!
И кога Муса му рече на народот свои: „О народе мој, зошто ме казнувате кога веќе знаете дека сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер?“ И бидејќи скршнаа настрана Аллах даде да скршнат и срцата нивни. Аллах не го упатува народот расипнички!
И кога Иса, синот на Мерјем, рече: „О синови Израилови, јас сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер, да го потврдам од Теврат она што е меѓу моиве раце, и да донесам радосница за пејгамберот што ќе дојде по мене, чие име ќе му биде Ахмед.“ И бидејќи им дојде со јаснотии, рекоа: „Ове е волшебништво јасно!“
А кој е поголем зулумќар од оној кој фрла лага врз Аллах а кој е повикан кон Исламот? Аллах не го упатува народот зулумќарски!
Оние посакуваат да ја угаснат светлината Аллахова со устите свои. А Аллах ја надополнува светлината Своја, и покрај тоа што го презираат неверниците!
Он го испраќа гејгамберот Свој, со Патоказ и со вера вистинска, за да ја изрази над сите други вери, и покрај тоа што го презираат многубошците!
О верници, да ви укажам ли на трговијата која ќе ве спаси од казната болна?
Верувајте и во Аллах и во пејгамберот Негов и борете се на Аллаховиот пат и со имотите ваши и со животите ваши! Ете, тоа е подобро за вас... само ако знаете!
Он ќе ве прости за гревовите ваши и Он ќе ве воведе во бавчите џеннетски низ кои реки течат, и во живеалишта убави меѓу бавчите на Адн. Ете, тоа е победа голема!
И Други работи што ги сакате: Помошта е од Аллах а и победата блиска. И зарадувај ги верниците!
О верници, бидете поддржници Аллахови како, кога им рече синот на Мерјем на Другарите: „Кој ќе биде заради Аллах поддржник Мој?“ Рекоа: „Ние сме поддржници на Аллах.“ И, ете, така поверува една дружина меѓу синовите Израилови, а една дружина, пак, не поверува. И: оние кои веруваа Ние ги потпомогнавме против непријателите нивни и, ете, станаа победници!