Страна1 / 1
← Сите сури

Ел-Џуму'а

الجمعة

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

И она што е на небесата и она што е на Земјата - Аллаха го слави, Владарот, Светиот, Силниот и Мудриот!

2

Меѓу незнабошците Он испрати пејгамбер од нив: да им ги кажува ајетите Негови, и да ги очисти, и да ги поучи и во Книгата и во Мудроста, иако порано беа скршнати во заблуда очигледна!

3

И на други меѓу нив кои уште не им се приклучија... Он е Силен и Мудар!

4

Ете, тоа е добрината Аллахова што ја дава кому Он сака. Аллах е Поседник на добротијата неизмерна!

5

Примерот на оние кои го понесоа Теврат, а потоа го напуштија, е како примерот на магаре кое носи книги. Е, само колку е лош за луѓето народот кој ги сметаше за лажни ајтетите Аллахови! Аллах не го упатува народот зулумќарски!

6

Кажи: „О Евреи, ако замислувате дека сте пријатели на Аллах за разлика од другите луѓе, тогаш, посакајте ја смртта ако сте искрени!“

7

Никогаш не ќа ја посакуваат токму заради она што го направија рацете нивни. Аллах најдобро ги знае зулумќарите!

8

Кажи: „Смрта од која бегате... па, ќе ве стигне, навистина! Потоа ќе бидете вратени кон Зналецот на тајното и јавното, па така, ќе ве извести за она што работевте!“

9

О верници, кога ќе се повика на намаз во петок... па, побрзајте кон споменувањето на Аллах, и оставете ја купопродажбата. Ете, тоа е подобро за вас само да знаете!

10

А кога намазот ќе се изврши... па, растурете се по земјата и барајте од добрината Аллахова, и споменувајте го Аллаха, многу, за да бидете спасени!

11

А кога ќе видат нешто од трговијата или од веселба некаква, се расфрлаат и те оставаат, стојеќи. Кажи: „Нема добро кај Аллах ни од веселбата ни од трговијата. Аллах меѓу снабдувачите е најдобриот Снабдувач!“