Ел-Мунафикун
المنافقون
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Кога ти дојдоа дволичните ти зборуваа: „Сведочиме дека си, навистина, Аллахов пејгамбер.“ А Аллах знае дека си ти Негов пејгамбер! А Аллах, пак, сведочи дека дволичните се лашковци!
Заклетвите нивни ги земаат за штит, па оддалечуваат од Аллаховиот пат. Навистина, колку е лошо она што го работат!
Ете, тоа е заради тоа што веруваа а потоа не веруваа: па, се запечатија срцата нивни и не сфаќаа.
А кога ќе ги видиш телата нивни те вчудоневидуваат, а кога, пак, ќе прозборат нешто, го слушаш говорот нивни: како да се дрва потпрени, мислејќи дека секој глас е против нив. Ете, тоа се, токму, непријатели: внимавај на нив! Аллах нека ги отепа! Па, каде кинисуваат?
А кога ќе им се рече: „Дојдете! Аллаховиот пејгамбер ќе бара прошка за вас!“ - ги тресат главите свои и ги гледаш како се оддалечуваат. Токму се горделивите!
Сеедно е: да бараш или да не бараш прошка за нив - Аллах не ќе им прости. Аллах, навситина, не го упатува народот расипнички!
Тие, токму, зборуваат: „Не делете им на оние кои се крај пејгамберот Аллахов за да се оддалечат!“ Ризниците и на небесата и на Земјата се Аллахови, но, ете, дволичните не сфаќаат.
Тие, токму, зборуваат: „Ако бидеме вратени во Медина посилниот ќе го натера послабиот, сигурно! Моќта му припаѓа на Аллах, и на пејгамберот Негов, и на верниците, но, ете, дволичните не знаат!
О верници, нека не ве одвратат од споменувањето на Аллах ни имотите ваши ни децата ваши. А кој тоа ќе го направи... па, онаквите се поразени!
И делете од ‘рскот што Ние ви го дадовме пред да му дојде некому смрт, па да рече: „Господаре мој, е, кога би ме задржал барем малку, па да давам садака и да бидам меѓу добрите!?“
Кога некому ќе му дојде крајот Аллах сигурно не ќе го продолжи животот негов. Аллах е Известен за она што го работите!