Ет-Тегабун
التغابن
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
И она што е на небесата и она што е на Земјата - Аллаха го слави! Власта е - Негова! И благодарноста - Нему Му припаѓа. Он е Кадар за се!
Он е Оној кој ве создаде: Меѓу вас има верници а има и неверници. Аллах го гледа она што го работите!
И небесата и Земјата ги создаде со вистина и ве обликува, давајќи ви најличен облик. Свратилиштето е - кон Него!
Он го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата, Он го знае и она што го криете и она што го обелоденувате. Аллах го знае она што го кријат градите!
Нели ви дојде кажувањето за оние кои не веруваа од порано па ги вкусија последиците од постапката своја... ? И за нив има казна болна!
Ете, тоа зашто им доаѓаа пејгамберите нивни со јаснотии, па зборуваа: „Човек ли да не упатува?“ Па, не веруваа и ги вртеа плеќите. А на Аллах не Му треба ништо. А Аллах е Богат и за благодарност Достоен!
Оние кои не веруваат мислат дека нема да бидат проживеани. Кажи: „Да, се колнам Господарот мој ќе ве оживи, сигурно, и ќе ве извести за она што го работевте, сигурно! Тоа за Аллах, секако, е лесно!
Па, верувајте во Аллах и во перјгамберот Негов и во светлината што Ние ја објавивме. Аллах е Известен за она што го работите!
Денот во кој Он ќе ве збере - Денот на собирањето - ете, тоа е Ден на измама меѓусебна. А оној кој верува во Аллах и кој работи добро... ќе ги отстрани од него лошите дела негови, и ќе биде воведен во бавчите џеннетски низ кои реки течат; и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа, е победа голема!
А оние кои не веруваат и кои ги сметаат за лажни ајетите Наши... онаквите се жители на огнот и во него за навек ќе останат. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!
Никаква неволја не се случува без одобрението Аллахово. Оној кој верува во Аллах го упатува своето срце. Аллах знае се!
Бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов! Па, ако ги свртите плеќите... пејгамберот Наш е задолжен само да извести јасно!
Аллах! Нема друг бог освен Него! И врз Аллах, тогаш, нека се потпираат верниците!
О верници, меѓу жените ваши и меѓу децата ваши имате непријатели. Внимавајте, тогаш! А ако, пак, ги помилувате и поминете преку тоа и ако им простите... та, Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
И имотите ваши и децата ваши се искушение, навистина! Кај Аллах наградата е најголема!
Плашете се, тогаш, од Аллах! Слушајте онолку колку што можете; бидете послушни и делете добро заради вас самите! А оној кој се чува себеси од лакомост... онаквите, токму, се спасените!
А ако на Аллах Му дадете добар заем, Он ќе ви го удвои и Он ќе ви прости. Аллах е Благодарен и Благ!
Зналец на тајното и јавното, Силен и Мудар!