Страна1 / 1
← Сите сури

Ет-Талак

الطلاق

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

О пејгамберу, кога ќе се разведете со жените, разведете ги за време на иддетот нивни и, иддетот нивни, сметајте го. Плашете се од Аллах Господарот ваш. Не истерувајте ги од домовите нивни, а и тие нека не излегуваат; истерувајте ги само тогаш кога ќе направат очигледно срамно дело. Ете, тоа се границите Аллахови, а оној кој ѓе ги премине границите Аллахови - тој, секако, себеси зулум ќе си направи. Не знаеш Аллах можеби ќе даде да се случи, по тоа, нешто друго!

2

И кога ќе дојде времето кога треба да се чека, па задржете ги учтиво или, пак, пуштете ги учтиво. И нека двајца, праведни меѓу вас, посведочат! И, заради Аллах сведочењето, извршете го! Ете, со тоа ви се советува: за оној кој верува во Аллах и во Денот суден. А оној кој се плаши од Аллах, Он ќе му изнајде излез!

3

И Он, исто така, ќе му даде ‘рск од каде што не се надева. А оној кој се потпира врз Аллах - та, Он му е доста. Аллах, навистина, ја изнесува наредбата Своја. За секоја работа Аллах одреди мера.

4

А оние, меѓу жените ваши, кои изгубиле надеж во месечното прање, и ако вие се сомневате, треба да чекаат три месеци. Исто е и за оние кои уште немаат добиено месечно прање. А оние, пак, кои ќе затруднат треба да чекаат се додека не се породат. А оној кој се плаши од Аллах Он ќе му олесни во наредбата Своја!

5

Ете, тоа е наредбата Аллахова која Он ви ја објавува. А оној кој се плаши од Аллах, ќе му бидат простени гревовите негови и ќе му биде зголемена наградата.

6

Наредете да живеат таму каде што и вие живеете. Според можноста ваша. И не правете им никаква штета со цел да ги стесните. А ако се, пак, трудни, тогаш издржувајте ги се додека не се породат. А ако, пак, ги дојат децата ваши, ред е да им ги дадете подароците нивни. И учтиво однесувајте се едникондруги. А ако, пак, се појават некои недоразбирања, друга жена нека го дои детето!

7

Оној кој има богатство нека троши од богатството свое, а оној чиј имот му е ограничен, нека троши од она што му го одреди Аллах. Аллах никого не оптоварува над можноста негова. По тешкотијата Аллах дава леснотија.

8

И колку градови се оглушија од наредбата на Господарот свој и на пејгамберите Негови? Да, од нив побаравме строга сметка и Ние ги казнивме со казна нечуена!

9

Па, ги вкусија последиците од постапката своја. Тежок беше крајот на постапката нивна.

10

Аллах за нив подготви тешка казна. Плашете се од Аллах, о вие со разбир надарени, вие кои верувате, бидејќи Аллах веќе ви објави Опомена,

11

пејгамбер кој ви ги кажува ајетите Аллахови јасни: за да ги изведе оние кои веруваат и кои добри дела работат од темнини во светлина, а оние, пак, кои веруваат во Аллах и кои добро работат Он ќе ги воведе во бавчи џеннетски низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Да, на таквиот Аллах ќе му даде ‘рск убав!

12

Аллах е Оној кој создаде седум небеса и исто толку земји. Он ја спушта наредбата меѓу нив за да знаете дека Аллах, навистина, е Кадар за се! Да, Аллах со знаењето Свое опфаќа се!