Ел-Калем
القلم
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Нун! Се колнам во калемот и во она што оние го пишуваат:
ти не си, со благодатот на Господарот твој, луд,
и ќе добиеш награда која никогаш не ќе престане, навистина!
Да, голем ахлак поседуваш ти!
Па, ќе видиш а и оние ќе видат,
кој меѓу вас, токму, е лудиот!
Господарот твој, секако, е Оној кој најдобро го знае оној кој скршнал во заблуда од патот Негов, и Он најдобро ги знае упатените!
Па, не слушај ги лашковците!
Посакуваат да се сплотиш па и тие да се сплотат.
И не биди послушен на ниеден колнач презрен!
Голем клеветник, пренесувач на зборови,
кој спречува добро, голем престапник, голем грешник,
незаситен и, покрај тоа, неповикан гостин
затоа што има имот и синови,
кој, кога му се кажуваат ајетите Наши, вели: „Тоа се прикаски одамнешни!“
Ние ќе го обележиме на носот.
Ние ги ставаме во искушение онака како ги ставивме во искушение сопствениците на една бавча кога се заколнаа дека ќе ја оберат штом ќе станат изутрина,
кои не рекоа: „Иншаеаллах!“
Па, една несреќа од Господарот твој ја погоди бавчата додека оние спиеја,
и изутрина, ете, беше пустејлија,