Ел-Хакка
الحاقة
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Час неизбежен!
Што е тоа Час неизбежен?
Е, па, знаеш ли ти што е тоа Час неизбежен?
И Ад и Семуд кијаметот ко сметаа за лажен!
Па, што се однесува до Семуд... беа уништени со гласот силни,
а што се однесува до Ад... беа уништени со ветрот кој фиука гласно и кој метеж остава!
Кој дојде да ги потчини нив седум ноќи и осум дена без прекин, па да ги видиш луѓето покуткани како да се трески урмини, попаѓани?
Па, гледаш ли дали остана трага од нив?
И фараонот и оние пред него, оние кои ги рушеа градовите, доаѓаа со гревови.
И тогаш беа непослушни кон пејгамберот на Господарот свој и така Он ги погоди со казна прекумерна.
И бидејќи водата надојде Ние ве понесовме во бродот,
за да ја направиме, секако, опомена за вас, и увото што ја слуша да ја слуша.
И кога ќе се дувне во Сурлата со дувеж еден,
и кога земјата ќе биде разнесена а брдата расфрлани со удар еден...
на Денот тој, тогаш, ќе се случи пропаста на светот!
И небото ќе испука и тоа, на Денот тој, ќе биде кршливо,
а мелеките ќе бидат на чошињата негови и ќе го носат престолот, на Господарот твој, на Денот тој, над нив, осум мелеки,
на Денот тој вие ќе бидете претставени и ништо од вас не можете да скриете.
Па, што се однесува до оној со дадената му Книга, во неговата десна рака, ќе рече: „Еве, читајте ја оваа книга моја.
Јас, навистина, замислував дека ќе си полагам сметка.“