Ел-Е'раф
الأعراف
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Елиф, Лам, Мим, Сад!
Книга која ти се објавува! Па, нека во градите твои не ти се стеснува од неа за да не опоменуваш со неа. Опомена за верниците:
следете го она што ви се објавува од Господарот ваш и не следете, освен Него, други заштитници! Малку е она врз што вие се сеќавате!
И колку градови Ние уништивме! До нив, тогаш, допре строгоста Наша додека се одмараа ноќе или додека отседнуваа дење.
Ништо не можеа да повикаат, кога ќе им дојдеше Нашата строгост, освен што ќе речеа: „Ние бевме, навистина, зулумќари!“
Ние ќе ги повикаме на одговорност оние на кои им се испратени пејгамбери, секако, а ќе ги повикаме на одговорност и пејгамберите, навистина!
И потоа, сигурно, Ние ќе им го кажуваме се она, по Наше знаење, зашто, навистина, не бевме отсутни!
И на Денот тој праведно ќе се мери на вага. И оние чии ваги ќе натежнат - се спасени!
А оние чии дела се полесни на вагите, тогаш, ќе страдаат душите нивни. Зашто ајетите Наши, секако, не ги признаваат.
И на земјата Ние веќе ве сместивме и на неа ви определивме животни намирници. Малку е она за што се заблагодарувате.
И, секако, Ние ве создадовме; ви дадовме изглед, потоа им рековме на мелеките: „Паднете му на сеџде на Адем!“ - Сите паднаа на сеџде, а Иблисот не. Не беше меѓу оние кои паднаа на сеџде.
Аллах рече: „Што те спречи па да не паднеш на сеџде кога веќе ти наредив?“ Иблис рече: „Јас сум подобар од него. Мене ме создаде од оган а него го создаде од глина.“
Аллах рече: „Слегувај од него, тогаш! Не ти доликува во Џеннетот да се дуваш. Излегувај, ти си, навистина, меѓу понижените!“
Иблис рече: „Дај ми рок до Денот во кој ќе бидат оживеани.“
Аллах рече: „Ти си, навистина, меѓу оние на кои им е даден рок.“
Иблис рече: „Но затоа што ме заведе, јас, сосем сигурно, ќе им поставам стапици на Твојот пат вистински.
Потоа ќе им приоѓам пред нив и зад нив, и од нивната лева страна и од нивната десна страна и ќе ги најдеш, мнозинството од нив, неблагодарни.“
А Аллах рече: „Излези од него, понижен и отфрлен! Со оние што те следат од нив, и оние од вас, и со сите тие, ќе го исполнам Џехеннемот, навистина!“
О Адеме, живејте ти и жената твоја во Џеннетот, и јадете од каде што сакате и не приближувајте се кон ова стебло зашто ќе бидете меѓу зулумќарите!
Па Шејтанот им шепна за да им го открие она што еденадруг им беше скриено, нивните срамни места, и рече: „Господарот ваш ви го забрани ова стебло за да не станете мелеки или да не бидете за навек;“ -