Ел-Ме'ариџ
المعارج
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Некој, прашувајќи, праша за казната што ќе се случи.
За неверниците казната никој не ќе ја спречи,
од Аллах, Сопсвеникот на степените,
преку кои се качуваат мелеките и Џибрил до Него, за еден ден кој изнесува педест илјади години;
па, стрпи се, со стрпливост достојна,
тие мислат дека е далеку, навистина,
а Ние, пак, мислиме дека е блиску
Денот во кој небото ќе биде како руда разтопена,
а брдата како волна;
и пријателот не ќе прашува за пријателот
и покрај тоа што ќе се гледаат еденводруг. Силникот ќе посака на Денот тој да ја откупи казната со синовите свои,
и со жената своја, и со братот свои,
и со семејството свое што го штитеше,
и со се на земјава, ете, само потоа да се спаси.
Никогаш! Ќе биде во огнот Лаза, навистина!
ќе ги кине зглобовите,
повикувајќи го оној кој се оддалечи и кој ги сврти плеќите...
само збираше и, ете, скриваше!
Човекот, навистина, е создаден талмаќар!
Кога зло ќе му се случи, очајува