Нух
نوح
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Ние, навистина, го испративме Нуха до народот свој: „Опомени го народот твој пред да им настапи казната болна!“
И рече: „О народе мој, јас сум ви, навистина, опоменувач јасен;
обожавајте Го Аллаха, плашете се од Него, и бидете ми послушни:
Ќе ви прости од гревовите ваши и ќе ве остави до рокот определен. А кога ќе дојде крајот кој Аллах го одреди не ќе се одгоди. Ете, така да знаете!“
И рече: „Господаре мој, деноноќно го повикував народот мој, навистина!
Но, повикот мој ги тераше само во бегство;
и секојпат кога ќе ги повикував за да им простиш ги ставаа прстите свои в уши, се покриваа со огртачите свои, и беа тврдоглави, и се држеа нависоко!
Јас потоа ги повикував јавно, навистина,
потоа им возгласував, навистина, и тајно му зборував,
велејќи им: „Барајте прошка од Господарот ваш. Он, навистина, е Простувач!“
Од небото Он ќе ви испрати вода во изобилство,
ќе ви даде и имоти, и синови, а ќе ви даде и бавчи, и реки за вас наменети!
Што ви е? Па, не очекувате ли од Аллах сила голема?
и Он, секако, ве создава постапно.
Не гледаш ли како Аллах создаде седум небеса, еднинадруги?
Меѓу нив Месечината Он ја одреди да биде светлина, а Сонцето да биде светилка.
Аллах дава да никнете од земјата како растенија,
потоа Он ве враќа во неа и пак ќе ве извади од неа.
Аллах ја одреди земјата да ви биде постелнина,
за да патувате по широките патишта нејзини.““