Ел-Џин
الجن
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Кажи: „Објавено ми е дека една дружина на џинови го слушале, па рекле: „Да, ние слуншавме еден чудесен Кур'ан,
кој упатува кон показот и му поверувавме, и никогаш на Господарот наш нема здруженик да му припишуваме““
И нека Он биде возвишен, Господарот наш, Кој не присвои ни жена ни дете!
Еден луд, секако, зборуваше против Аллах, некакви претераности,
а ние, пак, замислувавме дека ни џиновите ни луѓето не зборуваат лаги против Аллах,
или, пак, имаше мажи меѓу луѓето кои бараа заштита од мажите меѓу џиновите па овие им ја зголемуваа непромисленоста.
И оние мислеа како што вие мислевте како Аллах никогаш никого, навистина, нема да го оживи.
И го допревме небото, навистина, па го најдовме како е исполнето со јаки чувари и ѕвезди што блекаат.
И да седевме во непосредна близина на местата за седење за да слушаме. А оној кој прислушкува сега ќе наиде на ѕвезда блескотна, од заседа!
И ние не знаеме зло ли си посакува за оние на земјата или, пак, Господарот нивни, за нив посакува показ?
Меѓу нас има, навистина, добри; меѓу нас има и поинакви. Не, бевме по патишта одделени!
Да, помислувавме дека сме немоќни пред Аллах на земјава и дека постојано ќе бидеме немоќни од Него да избегаме.
И штом го слушнавме Показот веднаш поверувавме во него, навистина! Па, оној кој верува во Господарот свој, па не се плаши ни од штета ни од непромисленост.
Да, меѓу нас има и Послушни, меѓу нас има и неправедни. А оние кои беа Послушни, ете, онаквите го бараа Показот!
А што се однесува до неправедните, ете, за Џехеннемот ќе бидат гориво!
А цврсто да останеа на Патот ќе ги напоевме со вода изобилна, навистина! -
за да ги ставиме во искушение: оној кој ќе биде рамнодушен кон Опомената на Господарот свој... ќе му следи казна што ќе се зголемува.
Џамиите, навистина, се за Аллах и, тогаш, никого не повикувајте освен Аллах!
И кога Аллаховиот роб се исправи да го замоли, само што не му се прилепија!
Кажи: „Само Господарот мој го повикувам, нависитна! И ништо не Му здружувам!“