Страна1 / 3
← Сите сури

Ел-Мудетир

المدثر

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Еј, ти покриен!

2

Стани и опоменувај!

3

и Господарот твој, величај Го,

4

и облеката твоја очисти ја,

5

и од нечистото, оддалечи се!

6

Не мурти се, што ти се причинува многу!

7

И заради Господарот твој, стрпи се!

8

А кога во Сурлата ќе се дувне,

9

ете, тогаш, ќе биде Ден тежок:

10

за неверниците не ќе биде лесен!

11

Остави Ме насамо со оној што до создадов осамен,

12

и му дадов богатство големо,

13

и му дадов синови сведоци;

14

Јас за него подготвив и подготовка една.

15

А потоа сакаше да му дадам повеќе.

16

Но, не! Беше тврдоглав, навистина, кон знаменијата Наши,

17

и ќе го свиткам со тешкотии!

18

Тој, навистина, многу размислуваше и многу сметаше!

19

Па, нека биде убиен како така сметаше,

20

и пак нека биде убиен како така сметаше!