Ел-Кијама
القيامة
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Не! Јас се колнмам во денот кијаметски!
Но, не! Јас се колнам во душата која самата себеси се грди!
Мисли ли човекот дека Ние никогаш нема да ги избереме коските негови?
Е, уште како! Ние сме Кадри дури и да ги поредиме и јагодиците на прстите негови.
Но, човекот посакува пред него да греши;
прашува кога ќе се случи кијаметот.
Кога опулот ќе се закочи, плашејќи се,
и кога Месечината ќе се потемни,
и кога ќе соединат Сонцето и Месечината,
на Денот тој човекот ќе рече: „Каде да се побегне?“
Нема никаде! Нема засолниште!
Кон Господарот твој, на Денот тој, ќе се биде насочен!
Човекот ќе биде известен на Денот тој и за она што го оставил.
Човекот, меѓутоа, за себеси ќе си сведочи,
и покрај тоа што ќе ги изнесува оправдувањата свои!
Не изговарај ги харфовите на Кур'анот со јазикот твој за да брзаш со него:
Наша обврска, навистина, е да го збереме и да го читаме.
Па, кога ќе го читаме, следи го читањето негово!
Потоа неговото објаснување е Наша обврска, нависитина!
Но, не! Вие ја посакувате мигновеноста,