Страна1 / 2
← Сите сури

Ел-Инсан

الإنسان

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Му помина ли на човекот она време кога не беше за ништо спомнат?

2

Ние човекот го создадовме, навистина, од мешавина на семе за да го ставиме во искушение, и му дадовме и слух и вид.

3

Ние, навистина, го упативме по Патот: ќе биде ли благодарен или неверник - негово е!

4

Да, Ние за неверниците подготвивме и пранги и синџири и Саир.

5

Добротворите, навистина, ќе пијат од чаша чиј напиток ќе биде смеса на камфор

6

од изворот што ќе го разводат, како што сакаат, ќе пијат робовите Аллахови:

7

оние што го исполнуваа договорот и кои стравуваат од Денот во кој ќе преовладува злото негово,

8

и со храна нахрануваа, и покрај тоа што ја сакаа, и сиромав и јетим, и затвореник.

9

„Ве храниме, навистина, заради лицето Аллахово: од вас не посакуваме ни награда ни благодарност.

10

Ние навистина се плашиме од Господарот наш на Денот во кој лицата ќе бидат намуртени и затемнети.“

11

На Денот тој Аллах ќе ги сочува од злото и ќе им даде радост и среќа,

12

и ќе ги награди затоа што беа трпеливи, со Џеннет и свила;

13

ќе бидат потпрени на дивани и тука ни жед ни студен не ќе усетат;

14

сенките негови во непосредна близина ќе им бидат, и плодовите негови ќе им бидат спуштени.

15

И од едендодруг ќе се служи со чинии од сребро и со чаши што ќе бидат провидни,

16

провидни од сребро кои сами ќе ги одредуваат колкави да бидат;

17

во Џеннетот ќе пијат од чаши чиј напиток ќе биде смеса од ѓумбар,

18

од изворот во Џеннетот со името Селсебил именуван,

19

и од едендодруг ќе ги служат вечно млади момчиња. И кога ќе ги погледнеш веднаш ќе помислиш дека се бисери растурени.

20

И кога ќе го погледнеш тамо и пак, кога ќе погледнеш, ќе видиш благодат и царство големо,