Страна1 / 3
← Сите сури

Ел-Мурселат

المرسلات

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Се колнам во оние кои се испратени еднизадруги,

2

па, како виор виорат,

3

се колнам и во оние кои се разгрануваат,

4

и кои одовојувајќи, одвојувања предизвикуваат,

5

и кои, опомена доставуваат,

6

како оправдување или како опоменување!

7

Ветеното ќе ви се случи, сигурно!

8

Тогаш кога ѕвездите не ќе блескаат,

9

и кога небесата ќе испукаат,

10

и кога брдата ќе се здробат,

11

и кога пејгамберите во време определено ќе се зберат!

12

Да, кој ден е тоа одреден?

13

До Денот на Разделбата!

14

А од кај знаеш ти што е тоа Денот на Разделбата?

15

Тешко на лашковците... на Денот тој!

16

Нели Ние ги уништивме поколенијата одамнешни?

17

По нив и другите што Ние дадовме да ги следат.

18

Ете, така Ние работиме со силниците!

19

Тешко на лашковците... на Денот тој!

20

Нели ве создадовме од вода безвредна