Ен-Небе'
النبإ
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
За што тие еднисодруги се прашуваат?
За кажувањето големо
за кое оние, токму, станаа деленици!
Но, не! Ќе узнаат,
и пак: Но, не! Ќе узнаат, сигурно!
Нели Ние одредивме земјата да биде постела,
а брдата столбови?
И Ние ве создадовме во парови,
и спиењето ваше Ние за почивка го одредивме,
а ноќта, пак, Ние како облека ја одредивме,
а денот, пак, Ние како храна го одредивме,
и над вас Ние седум силни изградивме,
и светилката што свети Ние ја поставивме,
и од облаците Ние вода ви спуштаме,
и со помош нејзина Ние дадовме да никнат и семе и растение,
и бавчи испреплетени!
Денот на Одлуката, навистина, е веќе одреден,
Денот во кој ќе се дувне во Сурлата, па ќе доаѓаат во дружини,
а небото ќе се отвори, и врати многу ќе има,
и брдата ќе се потресат и прашина ќе станат!