Ен-Нази'ат
النازعات
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Се колнам во оние кои кинат, силно!
во оние кои, вадат благо,
и оние кои, пловејќи, пловат брзо,
и оние кои, предводувајќи, предводат,
и кои ги средуваат работите,
и во Денот во кој Потресот ќе потресе,
по кој ќе следи следниот!
Срцата на Денот тој ќе се потресат,
а очите нивни, пак, ќе се преплашат!
Зборуваат: „Ќе бидеме ли пак вратени назад во гробовите, навистина,
кога ќе станеме коски трошни?“
И уште зборуваат: „Тоа оживување е само пораз.“
Тоа ќе биде само еден глас, навистина! -
и ете ги, веднаш на површина.
Ти дојде ли говорот за Муса,
кога го повика Господарот свој, во Тува, долината света:
„Оди кај фараонот, зашто тој, навистина, силен стана,
па кажи му: 'Мислиш ли да се очистиш?
Ќе те упатам кон Господарот твој и, тогаш, уплаши се!'“
И му го покажа тогаш знамението најголемо,