Ел-Енфал
الأنفال
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Те прашуваат за пленот. Кажи: „Пленот е од Аллах и од пејгамберот. Па, плашете се од Аллах. Средете ги односите еднисодруги. Бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов ако сте верници!“
Да, верници се оние кои, ако се спомене Аллах, треперат срцата нивни, а ако им се кажуваат ајетите Негови им се зголемува иманот и се потпираат врз Господарот свој,
оние кои намаз извршуваат и кои од нафаката Наша делат.
Верници се тие вистински. За нив има степени кај Господарот, и прошка и нафака благородна.
Како што те изведе Господарот твој од домот твој исправно. И една дружина меѓу верниците тоа го презираше!
Расправаа со тебе за Вистината по очигледноста нејзина - ете, како да се туркаат во смрт очигледна, а, токму, гледаат!
И кога Аллах ќе ви вети една од двете дружини дека е ваша вие, навистина, посакувате ненаоружената да биде ваша. Аллах посакува да се овистини вистината со зборовите Негови и да се пресечат корените на неверниците:
да ја овистини вистината а да ја уништи невистината, па макар тоа го мразеле силниците!
Кога баравте помош од Господарот ваш, Он ви се оѕва. Јас, навистина, ве поддржав со илјада мелеки кои доаѓаа еднизадруги.
Аллах тоа го направи само да ве зарадува и во тоа да ги смирете срцата ваши. Помошта е само кај Аллах. Аллах, навистина, е Силен и Мудар!
И кога Он ви одреди лесен сон да ве обземе, да ве заштити од Своја страна, и кога ви спушти од небо вода за да ве очисти со неа и да ја отстрани од вас нечистотијата шејтанска и да ги поврзе срцата ваши и да ги зацврсти стапалките...
и кога Господарот твој им вдахна на мелеките: „Јас сум, навистина, со вас: бодрете ги, тогаш, оние кои веруваат.“ Во срцата на оние кои не веруваат ќе фрлам страв. Па, удирајте ги по вратовите и по прстите!
Заради противењето нивно и на Аллах и на пејгамберот Негов. А оној кој се противи на Аллах и на пејгамберот Негов - та, Аллах е Силен Казнувач!
Ете, така ви е. Искусете ја казната, а за неверниците, навистина, има казна огнена.
О верници, кога ќе се справите со оние кои не веруваат, кои доаѓаат во редови, тогаш, не вртете ги плеќите!
Оној кој ќе побегне тогаш, освен оној кој привидно бега за да се врати во борба, или кој се придржува на друга дружина, секако, се враќа со лутината Аллахова и Џехеннемот е - престојувалиштето негово! Е, само колку лошо свратилиште е тоа!
И вие не ги убивавте, туку Аллах ги убиваше. И кога фрлаше ти не фрлаше, туку Аллах фрлаше за да ги испроба верниците со искушение убаво. Аллах, навистина, е Слушач и Зналец!
Ете, така ви е. Аллах, навистина, чини да венат сплетките на неверниците!
Ако баравте да победите па, ете, победата ви дојде. А ако прекинете - та, тоа е подобро за вас. А ако, пак, се вратите и Ние ќе се вратиме. Дружината ваша во ништо не ќе ви користи и без оглед на бројот. Аллах, навистина, е со верниците!
О верници, бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот Негов. И не вртете Му ги плеќите. Вие, токму, слушате!