Страна1 / 3
Абесе
عبس
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
1
Се намурти и ги сврте плеќите
2
кога му дојде слепиот,
3
а што знаеш ти, можеби дојде да се очисти,
4
или, пак, опомена да прими и Опомената, тогаш, ќе му користи.
5
Што се однесува до оној кој ќе стане богат,
6
па ти со него си заземен,
7
и твое е само да се очисти.
8
А што се однесува до оној што ти дојде брзо,
9
и уште, ете, се плаши
10
а ти на него не внимаваш!
11
Но, не! Опомена е тоа, нависитна!
12
Па кој сака Опомената ќе го опомене
13
во страниците почитувани,
14
возвишени и чисти
15
меѓу рацете на пишувачите,
16
чесни и добротворни!
17
Проклет да е човекот! Колкаво е само проклетството негово!
18
Од што Он го создаде?
19
Од капка семе Он го создаде и Он, потоа, го одреди
20
и патот, потоа, му го олесни,