Страна1 / 2
← Сите сури

Ет-Теквир

التكوير

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

И кога Сонцето ќе се помрачи,

2

и кога ѕвездите ќе попаѓаат,

3

и кога брдата ќе се поместат,

4

и кога камилите без сопственици ќе останат,

5

и кога дивите животни ќе се испомешаат,

6

и кога морињата со пламен ќе се исполнат,

7

и кога душите ќе се обединат со телата свои,

8

и кога девојчето живо погребано во земја ќе биде прашано:

9

„Заради кој грев е убиено?“

10

И кога страниците ќе се отворат,

11

и кога небесата ќе се отсранат,

12

и кога Џехеннемот ќе се разгори,

13

и кога Џеннетот ќе се приближи...

14

ќе узнае душата што си подготвила!

15

Но, не! Се колнам во ѕвездите што се скриваат,

16

кои се движат и кои исчезнуваат,

17

се колнам и во ноќта кога таа затемнува,

18

и во утрото кога дише,

19

Кур'анот, навистина, е Говор на мелек пратеник благороден,

20

од сопственикот на моќта, кој поседува место почесно кај Аршот,