Страна1 / 1
← Сите сури

Ел-Инфитар

الانفطار

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Кога небесата ќе се расцепат,

2

и кога ѕвездите ќе се растурат,

3

и кога морињата ќе се избувнат,

4

и кога мезарите ќе се испревртат -

5

ќе го узнае душата она што го направила и за овој свет и за оној свет.

6

О човеку, што те заведе од Господарот твој Благороден!?

7

Кој те создаде?... па те направи целосен и складен,

8

и Кој со посак Свој ликот ти го среди.

9

Но, не! Лажете за Денот ветен, сепак!

10

А врз вас се Чуварите мелеки, навистина!

11

благородни пишувачи:

12

кои знаат што правите!

13

Добротворите ќе бидат во благосостојба, навистина!

14

А грешниците ќе бидат во огнот Џехеннемот, навистина!

15

Во кој ќе бидат турнати на Денот суден!

16

И не ќе можат да не бидат во него.

17

И знаеш ли ти што е Денот суден?

18

И пак, знаеш ли ти што е Денот суден?

19

Ден во кој никој за никого не може ништо. Наредбата тогаш е - Аллахова!