Ел-Иншикак
الانشقاق
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Кога небото ќе се расцепи,
и кога Господарот негов ќе го послуша. - Он е Кому треба да се биде послушен,
и кога земјата ќе се порамни,
и кога ќе го исфрли она што е во неа и ќе стане празна,
и кога Господарот нејзин ќе го послуша... Он е Кому треба да се биде послушен!
О човеку, ти, навистина, се трудиш кон Господарот твој, со труд, и Него ќе го најдеш!
Што се однесува до оној со доделената му Книга во раката, десна,
ќе полага сметка лесна,
и ќе се врати кај семејството своје, радосен!
А што се однесува, пак, до оној со дадената му Книга, зад плеќите негови,
па, ќе си посакува пропаст,
и во Саир ќе биде турнат.
Па тој меѓу семејството негово беше радосен,
тој, навистина, замислуваше дека никогаш не ќе се врати.
И уште како! Господарот негов, навистина, го гледа!
Но, не! Се колнам во црвенилото вечерно,
и во ноќта и во она што таа ќе го збере,
и во Месечината кога ќе се исполни,
ќе поминувате од една во друга состојба.
Што им е па не веруваат?