Ел-Буруџ
البروج
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Се колнам во небото со ѕвезди преполно,
и во Денот ветен,
и во сведокот и во посведоченото,
проколнети нека бидат сопствениците на ровови,
преполни со гориво на оган,
кои, крај него, седеа,
и кои, токму, беа сведоци на она што го правеа со верниците!
Им се одмаздува затоа што веруваа во Аллах, Силниот и за благодарност Достојниот!
И власта и на небесата и на Земјата е - Негова! Аллах, секако, е Сведок на се!
Оние кои, навистина, ги мачеа верниците и верничките, потоа не се покајаа... за нив има казна џехеннемска, за нив има казна Харик!
А оние, пак, кои веруваа и работеа добри дела, навистина!... за нив има бавчи џеннетски низ кои реки течат. Ете, тоа е победа голема!
Усвитено е, навистина, казнувањето на Господарот твој.
Он, секако, создава и повторно создава!
Он, секако, е Простувач и Срдечен!
Господарот на Аршот, Славниот!
Чинител на она што го посакува.
Ти дојде ли говорот за војската,
за фараонот и за Семуд?
Но, оние кои не веруваат, постојано во лага си паѓаат,
а Аллах ќе ги опфати од сите страни!