Страна1 / 1
Ет-Тарик
الطارق
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
1
Се колнам во небото и во Деница!
2
А знаеш ли ти што е тоа Деница?
3
Ѕвезда што свети!
4
Над секоја душа има и бдеец.
5
Па, нека човекот погледа од што е создаден,
6
создаден е од вода што се исфрла,
7
која излегува меѓу 'рбетот и градите.
8
Да, Он е Кадар да го повтори творењето Свое,
9
на Денот кога ќе се кажуваат тајните,
10
кога човекот не ќе има ни моќ ни поддржник.
11
Се колнам и во небото, со вода преполно,
12
и во земјата која се расцепува,
13
Кур'анот, навистина, е Говор што одделува!
14
Он не е празен Говор.
15
Оние, сплеткарејќи, сплетки прават,
16
а Јас сплетките ги респлеткувам.
17
Па, остави ги Неверниците и дај им малку време!