Ел-А'ла
الأعلى
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Слави Го, името на Господарот твој, Севишен!
Кој создаде и добар ред постави,
Кој одреди и потоа упати,
Кој дава да никне пасиште,
а потоа одредува да стане сува трева.
Ние ќе одредиме да читаш, па ништо нема да заборавиш,
освен она што ќе го посака Аллах. Да, Он го знае и она што е јавно и она што е тајно.
И Ние ќе те упатиме во она што е најлесно.
Па, опоменувај - Опомената ако користи,
ќе се опомене оној што стравува,
а од неа ќе се оддалечува најлошиот,
оној што ќе биде турнат во огнот голем,
кој потоа во него не ќе умре и не ќе живее.
Да, спасен е оној кој ќе се очисти,
кој го споменува името на Господарот свој и кој се клања.
Но вие повеќе го сакате животот на овој свет,
а Ахирет е подобар и е вечен.
Да, ова е внесено во страниците одамнешни,
во страниците на Ибрахим и на Муса!