Страна1 / 2
← Сите сури

Ел-Гашија

الغاشية

بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ

1

Ти дојде ли говорот за она што поклопи?

2

Лицата на Денот тој ќе бидат уплашени,

3

изморени и жалосни!

4

Ќе се пржат во огнот жесток,

5

ќе се напојуваат од изворот усвитен;

6

за нив не ќе има храна, освен трње,

7

која не ќе нахрани а ниту, пак, гладот ќе го отстрани,

8

на Денот тој ќе има и лица благословени,

9

со трудот нивни задоволни,

10

во Џеннетот возвишен,

11

во кој не ќе слушаат зборови празни,

12

во него ќе има и извор што тече,

13

и кревети подигнати,

14

и пехари поставени,

15

и перници поредени,

16

и простирки спрострени!

17

Не гледаат ли кон камилата како е создадена,

18

и кон небото како е подигнато,

19

и кон брдата како се поставени,

20

и кон земјата како е порамнета?