Ел-Феџр
الفجر
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ
Се колнам во зората,
и во десетте ноќи,
парни и непарни,
и во ноќта кога ќе исчезне,
има ли во тоа, за надарениот со разбир, заклетва?
Не виде ли како постапи Господарот твој со Ад?
И со Ирам, кој имаше столбови големи,
на кои слични немаше изградено по градовите?
И со Семуд кој делкаше карпи во долината,
и со фараонот кој, сопственикот на шаторите,
кои беа насилници по градовите!
И мноштво, по нена, безредие се сееше,
па затоа Господарот твој корбачот на казната врз нив го опаша.
Да, Господарот твој е во заседа!
Што се однесува до човекот, кога Господарот негов ќе го искуша, па ќе го почести и благослови, ќе рече: „Господарот мој ме почести.“
А кога, пак, ќе го искуша со она што малку 'рск ќе оствари, ќе рече: „Господарот мој ме остави.“
Но, не! На јетимот чест не му правите,
а ниту, пак, сиромавиот го храните,
а јадете оставина лакомо,
а богатство сакате, сакајќи го прекумерно!