Страна1 / 7
← Сите сури

Ет-Тевба

التوبة

1

Опомена од страна на Аллах и од пејгамберот Негов до многубошците со кои договор склучивте!

2

„Па, патувајте по земјата четири месеци и знајте дека сте, навистина, немоќни пред Аллах. А Аллах, навистина, ќе ја открие страмотата на неверниците!“

3

Повикот од Аллах и од пејгамберот Негов до луѓето на Денот од големиот хаџџ: Аллах, навистина, е далеку од многубошците, а и пејгамберот Негов. Та, ако се покаете тоа е подобро за вас а ако, пак, ги свртете плеќите, знајте дека сте вие, навистина, немоќни, и зарадувај ги оние кои не веруваат со казна болна!

4

Изземајќи ги многубошците со кои склучивте договор а кои, по тоа, со ништо не го прекршија кон вас, а ниту пак некого помогнаа против вас; па, исполнете го договорот кон нив до денот за тоа определен. Аллах, навистина, ги љуби богобојазливите!

5

Па, кога светите месеци ќе поминат борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид! Па, ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, пуштете го патот нивни. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!

6

А ако некој меѓу многубошците побара од тебе засолниште, тогаш, згрижи го се додека не го слушне Аллаховиот збор, а потоа одведи го до безбедно место. Ете, тоа е заради тоа што се луѓе кои, навистина, не знаат.

7

Како да има договор меѓу многубошците и Аллах и пејгамберот Негов, освен оние кои склучија договор при Месџидул Харам. Според тоа, ако се придржуваат кон договорот со вас придржувајте се и вие кон договорот со нив. Аллах, навистина, ги љуби богобојазливите!

8

Како? Ако ве победат не го почитуваат, кога сте вие во прашање, ни договорот ни пропишаната вера. Ви се умилуваат со устите свои, а одбиваат со срцата свои. А мнозинството меѓу нив се расипани!

9

Ги заменија ајетите Аллахови за нешто што малку вреди и уште одвраќаат од Аллаховиот пат. Е, само колку е лошо она што го работат!

10

Оние не ја почитуваат, во врска со верникот, ни зиммијата ни роднината - токму, претеруваат.

11

Па, ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, тогаш, браќа се ваши по вера. Ние ајетите потенко ги објаснуваме за луѓето кои знаат!

12

А ако по договорот свој ги прекршат заклетвите свои, и ако ја нападнат верата ваша, тогаш, борете се против водачите на неверството. Тие немаат заклетви за да престанат!

13

Не ќе се борите ли кон луѓето кои ги прекршија заклетвите нивни и кои сакаа да го истераат пејгамберот? Оние, всушност, први ве нападнаа. Се плашите ли од нив? Па, Аллах има повеќе право, ако сте верници, да се плашите од Него!

14

Борете се против нив, а Аллах ќе ги казни со рацете ваши, и ќе ги понизи, а вам ќе ви помогне против нив, и Он ќе ги излечи градите на народот вернички!

15

И грижата од срцата нивни ќе ја снема. Аллах простува кому сака. Аллах е Зналец и Мудар!

16

Или, пак, сметате ли дека ќе бидете оставени и дека Аллах не ги знае меѓу вас оние кои се бореа и кои, освен Аллах и пејгамберот Негов и верниците, не земаа други заштитници. А Аллах е Известен за она што го работите!

17

Не им доликува на многубошците да градат Аллахови џамии кога оние со неверувањето сведочат против себеси. Делата нивни пропаднаа и оние во огнот за навек ќе останат.

18

Џамиите Аллахови, навистина, ги градат оние кои веруваат и во Аллах и во Денот суден, и кои намаз извршуваат, и кои зекат даваат, и кои само од Аллах стравуваат. Па, тоа се, токму, упатените!

19

Сметате ли дека поителот на хаџијата, и оној кој се грижи за Месџидул Харам е како оној кој верува во Аллах и во Денот ахиретски и кој се бори на Аллаховиот пат? Не се еднакви кај Аллах. А Аллах нема да го упати народот зулумќарски!

20

Оние кои веруваа, кои се иселија и кои се бореа на Аллаховиот пат со имотот свој и со животите свои кај Аллах се на повисок степен. Оние, токму, се победниците!